Азири го критикува Османи: Наместо болница, граѓаните добија корупциски скандал

October 6, 2025
1 min read

Портпаролот на Локалниот штаб на Вреди во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес-конференција пред гинеколошката болница „Мајка Тереза“ остро го обвини поранешниот министер и кандидат Бујар Османи за корупциски скандал во вредност над 21 милион денари.

Според Азири, проектот за реконструкција на болницата наместо да донесе подобри здравствени услуги за граѓаните на Чаир, се претворил во симбол на злоупотреби. „Наместо чаирани да добијат современа гинеколошка болница, тие добија уште еден симбол на корупцијата“, истакна тој.

Азири додаде дека во кариерата на Османи, која трае повеќе од десет години, резултатите за Чаир се речиси непостоечки. „Бугар Османи на државни функции поминал 3.672 дена – но ниту еден ден посветен на Чаир“, посочи Азири, додавајќи дека освен службени средби со странски делегации, чаирани добиле само празни ветувања.

 

Портпаролот постави дилема дали Османи некогаш делувал во интерес на граѓаните без лична корист. „Само од овој проект логично се наметнува прашањето – дали Османи прави било што без личен ќар за себе или за најблиските?“

Азири заврши со порака до жителите на Чаир: „На 19 октомври, Бујар Османи ќе биде пациентот на гласачите, кои масовно ќе му ја отворат излезната врата од политиката.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Силата на жените во енергетиката – Божиновска разговараше со Дуковска и Дисоска

Следно

Сајкоски: Долнени ќе биде во фокусот на интерес на нашата Влада

Latest from Blog

Проданоски на средба со пчелари во Прилеп: Поддршка за локалното производство

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп, ја истакна важноста на пчеларите и медарите, кои со својата посветеност го чуваат најчистиот дел од природата. Тој зборуваше за предизвиците со кои се

Расте цената на нафтата

Цените на нафтата се искачија над 65 долари во понеделник на меѓународните пазари, бидејќи големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината. На лондонскиот пазар,

Сајкоски: Долнени ќе биде во фокусот на интерес на нашата Влада

Генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски присуствуваше на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Долнени. -Денес тука се собравме во оваа ваша општина, за

Силата на жените во енергетиката – Божиновска разговараше со Дуковска и Дисоска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со Ана Дуковска, претседателка и ко-основачка на здружението „Јас сум Жена“, и со Валентина Дисоска, претседателка на Асоцијацијата на бизнис
Go toTop