Азилантите кои ќе бидат одбиени од Велика Британија, да бидат испратени на Балканот

March 24, 2025
1 min read

Британскиот премиер Кир Стармер ја разгледува опцијата неуспешните баратели на азил од Обединетото кралство да бидат испратени на Балканот, каде би биле сместени во таканаречени  „центри за враќање“ во странство.

Како што објавува лондонски „Тајмс“, земјите со кои британската влада би разговарала се Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија. Според извори на весникот во британската влада потенцијалните земји сеуште не се контактирани и сеуште се работи за рана фаза на планот. 

– Владата е во „многу рана фаза“ на дискусии околу оваа идеја и е заинтересирана да дознае повеќе за тоа што прави Италија во Албанија. – Тајмс.

Иралијанската влада инаку веќе склучи таков договор со Албанија за праќање на емигранти во кампови, но неколку италијански судови го блокираа тој договор и засега планот е паузиран. Според извештајот на Migration Watch UK, заклучно со вчера, повеќе од 5.200 мигранти влегле во Британија преку мали чамци во 2025 година.

Претходно Конзервативците изготвија план за Руанда – според кој оние што пристигнуваа со мали чамци требаше да добијат билет во еден правец до африканската држава, без разлика дали на крајот ќе бидат прогласени за подобни за азил во Обединетото Кралство или не.

Но, после одлуката на британските судии и овој план не се реализира. Минатата недела, Европската унија објави дека предлага да им дозволи на земјите членки да воспостават таканаречени центри за враќање. Идејата беше поддржана од Меѓународната организација за миграција на ОН, која понуди да „советува и асистира државите во осмислувањето и спроведувањето на иновативна политика за враќање, која е ефикасна и усогласена со европското и меѓународното право“.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови сведоштва на обвинетите во случајот за убиството на Вања и Панче

Следно

Прегазена жена и дете на пешачки премин на Партизанска

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop