Азербејџан објави дека Ерменија отворила оган врз воени позиции во Нахчиван

February 25, 2024
1 min read

БАКУ (АА) – Ерменија отворила оган врз воени позиции во автономната област Нахчиван, објави денес Азербејџан, изведстува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека ерменската војска отворила оган врз позиции во близина на населбата Хејдарабад во саботата во 21:40 часот по локално време.

Во соопштението не се дадени дополнителни информации.

Односите меѓу поранешните советски републики Азербејџан и Ерменија се напнати од 1991 година, кога ерменската армија го окупираше Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан, и седум соседни региони.

Баку ослободи неколку градови, села и населби од ерменските сили во текот на 44-дневните борби во есента 2020 година, кои завршија со прекинот на огнот постигнат со посредство на Москва.

Во септември минатата година, азербејџанската армија започна антитерористичка операција во Карабах за враќање на уставниот поредок, по што се предадоа илегалните сепаратистички сили во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како две години војна во Украина ја променија Централна Азија

Следно

Трамп победи и во Јужна Каролина на изборите за републикански претседателски кандидат

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop