Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

December 23, 2025
1 min read

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles).

Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата се случила на кривулестиот планински пат, при што возилото скршнало од патот и удрило во бетонска ограда. Поради силата на ударот, сопатникот бил исфрлен од автомобилот, додека Зампела бил заробен во возилото, коешто потоа се запалило. Зампела починал на местото на несреќата. Сопатникот, чиј идентитет сè уште не е објавен, починал од повредите в болница.

Спортскиот автомобил беше напојуван од хибриден „В-6“ мотор којшто произведува повеќе од 819 коњски сили.

Винс Зампела (55) е една од највлијателните личности во индустријата за видеоигри. Како со-основач на „Инфинити вард“ (Infinity Ward), тој беше клучен во создавањето на мега-успешниот серијал „Кол оф дјути“. Во 2010 година, тој го основа „Риспон ентертејнмент“ (Respawn Entertainment), студиото коешто ги донесе светските хитови како „Титанфол“, „Титанфол 2“, „Апекс леџендс“ и „Стар ворс џедај: Фолен ордер“.

Неговото студио во 2017 година беше купено од гигантот „EA“, но Зампела продолжи да го води тој дел. „ЕА“ издаде официјално соопштение, каде што се истакнува „длабокото и далекусежно“ влијание на Зампела.

„Ова е незамислива загуба и нашите срца се со семејството на Винс, неговите најблиски и сите оние што беа допрени од неговата работа. Влијанието на Винс врз индустријата за видеоигри беше длабоко и далекусежно. Пријател, колега, лидер и визионерски творец, неговата работа помогна во обликувањето на модерната интерактивна забава и инспирираше милиони играчи и развивачи низ целиот свет. Неговиот спомен и оставштината ќе продолжат да го обликува начинот на којшто игрите се изработуваат и како играчите се поврзуваат со генерациите што доаѓаат“, се вели во соопштението.

Сведок на сообраќајната им доставил на властите видеоснимки од несреќата. Околностите што довеле до губење на контролата врз возилото сè уште се истражуваат. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Следно

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Latest from Blog

Поранешните претседатели — државници во сенка или јавни актери? Црвенковски тивок, Иванов активен, Пендаровски критичен

Поранешните претседатели на Македонија по завршување на мандатите најчесто се повлекуваат од директната политика, но нивната јавна активност значително варира – од целосна тишина, до работа преку фондации и настапи на меѓународни

Земјотрес во Јапонија: 6,4 степени според Рихтер

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ) соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри под површината, објави Ројтерс. Моментално нема предупредување за цунами. Извор: vecer.mk

Проданоски: Прилепската болница добива современа медицинска опрема за подобра здравствена грижа

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на промоцијата на нова современа медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, заедно со директорот на установата, директорот на
Go toTop