Автомобил влета во Божиќен базар во Германија, најмалку 20 повредени

December 20, 2024
1 min read

Возило вечерва влета во толпа луѓе на Божиќниот базар во источниот германски град Магдебург, при што има повредени, јавува Анадолу.

Портпаролот на покраинската влада на Саксонија-Анхалт за јавниот радиодифузен сервис МДР изјави дека тие го сметаат инцидентот како „напад“ бидејќи автомобилот влетал директно во толпата.

Според дневниот весник „Билд“, најмалку 20 лица се повредени во инцидентот, а многумина се здобиле со тешки телесни повреди. Возачот веднаш бил уапсен по инцидентот, потврдија властите.

Итната помош и пожарникарите се веднаш испратени на местото на настанот.

Видеа кружат на социјалните мрежи од инцидентот од темно возило кое со голема брзина влетува во толпата луѓе. Властите сѐ уште не ја потврдија автентичноста на овие видеа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Државјанство од догодина и електронски, Владата ја става дигитализацијата високо на агендата

Следно

Џабе големо мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ „пишман-аџија“: Сами поднесоа предлог закон за интонирање на македонската химна, сами го повлекоа

Latest from Blog

Промет од 72,8 милиони денари на Македонската берза неделава – најголема трговија со акциите на Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 72.798.475 денари, од кои 62.572.975 денари беа реализирани

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека
Go toTop