Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони во Италија, возачот загина

April 4, 2024
1 min read

Автобусот со македонски туристи кои учествуваше во сообраќајната несреќа во Италија на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона, се судрил со два камиони, јавуваат италијанските медиуми.

Како што пренесуваат, до верижниот судир дошло денеска околу 10 часот, а во несреќата учествувале два камиони и автобус, пришто загинатиот е возачот на македонскиот автобус.

По судирот, едниот од камионите се запалил во тунел, a причините се’ уште се утврдуваат. Се споменува дека едниот од камионите пренесувал алкохол.

Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.

За несреќата претходно информираа од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што објавија дека загинатиот возач на автобусот е 59-годишниот Р.И. кој е македонски државјанин, додека полесно повредени се 12 патници од Македонија.

Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим остануваат во комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони во Италија

Следно

ТАЖНИ СЦЕНИ ВО БОР: Граѓаните палат свеќи, но го оставаат и ова за малата Данка – солзите сами ќе ви капат како дожд (ВИДЕО)

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop