Австрија нема да обучува украински војници за Леопард 2

February 13, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Австрија нема да обучува украински војници за борбениот тенк Леопард 2, изјави денес австриската министерка за одбрана Клаудија Танер за државната радиостаница О1, пренесува Анадолу.

Во изјавата, Танер рече дека „независна одлука на секоја држава“ е „да ја поддржи Украина во рамките на своите закони“.

Австрија уште во јануари соопшти дека нема да ѝ испорача тенкови Леопард 2 од својот инвентар на Украина, наведувајќи ја својата неутралност.

Според О1, странски војници веќе се обучуваат на тенковите Леопард 2 од НАТО-земјите Унгарија и Чешка.

Австрија има еден тенковски баталјон, стациониран во Велс во Горна Австрија, кој има 48 борбени тенкови Леопард 2.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Над 133.000 објекти на турски ТОКИ во регионот го поминаа земјотресот без штети

Следно

Општина Карпош отвори жиро сметка – ќе се собираат пари за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop