Австралискиот премиер: „Животот на секој Палестинец е важен како и животот на секој Израелец“

November 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави дека животот на секој Палестинец е исто толку важен како и животот на секој Израелец, наведувајќи дека треба да се вложат сите напори за заштита на цивилите, пренесува Анадолу.

Како што јави „Еј-би-си њуз“, Албанез во Мелбурн говорел за израелско-палестинскиот конфликт.

Албанез изрази загриженост поради зголемувањето на бројот на загинати цивили во Газа и нагласи дека треба да се направи сѐ тие да се заштитат.

„Животот на секој Палестинец е важен, како и животот на секој Израелец“, нагласи Албанез истакнувајќи дека израелскиот напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа предизвикува голема загриженост.

Тој наведе дека се состанал со австралиски граѓани во чии семејства има членови што се убиени во Газа и дека тие бараат од сојузната Влада „како што се бараат правата за израелските жртви, за заробениците и нивните семејства, истото да се стори и за нив.“

Во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа загинаа уште 265 Палестинци, со што вкупниот број е зголемен на 9.061.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Раим Бајрами претседател на УО на АЦВ, Горан Герасимовски на Советот за статистика

Следно

Албански опозициски фронт: Бескомпромисна поддршка за судиите во Врховниот суд, тие се под невиден притисок од ДУИ да го вратат Груевски

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop