Австралија: Се преврте автобус со сватови, загинаа 10 лица

June 12, 2023
1 min read

КАНБЕРА (АА) – Најмалку 10 лица загинаа, а 25 се повредени во автобуската несреќа што вчера се случи во Нов Јужен Велс, Австралија, објави денес полицијата, пренесува Анадолу.

Австралиските медиуми пренесоа дека автобусот со 39 патници се превртел кај кружен тек. Автобусот превезувал сватови кои се враќале од венчавка што се одржала во источниот дел на земјата.

Несреќата се случила во близина на градот Грета во Нов Јужен Велс, во регионот Хантер, северно од Сиднеј.

Медиумите пренесуваат дека местото за време на несреќата било обвиено со густа магла, која ја намалила видливоста на патот.

Повредените се префрлени во околните болници. Меѓу повредените е и 58-годишниот возач на автобусот, кој е приведен.

Власта започна истрага за автобуската несреќа, која се смета за најсмртоносна во Австралија во последните неколку години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џани со освоен трофеј се приклучува на репрезентацијата!

Следно

Изложбата „Кревки спомени“ на Марија Јаќовска во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop