Авионот на „Ер Србија“ евакуираше граѓани на Македонија, Црна Гора и Албанија од Израел

October 13, 2023
1 min read

реклама

Авионот на „Ер Србија“ денеска ги евакуираше државјаните на Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија од Израел, и на тој начин им помогна да се вратат дома од завојуваната земја.

На објавеното видео се гледа дека авионот бил полн, а Душан Вујовиќ, конзул на српската амбасада во Израел, им посакал на сите патници да се видат во „подобри услови“.

реклама

  • Драги пријатели, го качивме последниот патник. Ви посакувам се најдобро, убав пат. Ве поздравувам од амбасадите на Србија, Северна Македонија, деловниот конзулат на Црна Гора и Амбасадата на Албанија од моите драги колеги кои сето ова го организираа на терен. Прво летате за Скопје, па за Белград, чувајте се и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро уште еднаш – рече Вујовиќ.

Инаку, Владата на Северна Македонија вчера соопшти дека ќе ги сноси сите трошоци за летот.

– Во услови на целосно откажани летови и блокиран авиопревоз со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет беше надминат со соработка со „Ер Србија“ за превоз на граѓаните кои побараа помош – се наведуваше вчера во официјалното соопштение на Владата на Северна Македонија.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас: Во израелските напади во Газа загинаа 13 заложници

Следно

Владата и МОН ги имаат завршено сите процедури за учебниците, вели премиерот

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop