АТП ќе дозволи носење сензори за прибирање на податоци за физичката подготвеност

June 30, 2024
1 min read

Здружението на тениски професионалци (АТП), објави дека почнувајќи од 15 јули, ќе им овозможи на играчите да носат сензори за прибирање физички податоци од мечевите за подобро „да ги анализира перформансите и да спречува повреди“.

– Сензорите ќе генерираат најнови информации за играчите од физичките мерења, како што се податоците за отчукувањата на срцето и за оптоварувањата со висок интензитет, подобрувајќи ја нивната анализа од натпреварите и од тренинзите“, објаснува АТП во соопштението за медиумите.

АТП одобри два производитела на сензори, СтатСпортс и Катапулт (STATSports и Catapult) и ќе ги централизира податоците на својата платформа „АТП Тенис“ (ATP Tennis IQ) лансирана во 2023 година.

Со тоа на играчите ќе им се обезбеди увид во сите статистички податови поврзани со нивните натпревари. Од AТП уверуваат дека податоците собрани од сензорите „ќе останат доверливи“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денвер се засилува со кошаркар од Голден Стејт

Следно

Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.
Go toTop