Аташе за земјоделство во Германската амбасада во Скопје ќе биде надлежен за земјава, но и за цел Западен Балкан

October 3, 2023
1 min read

реклама

Во Германската амбасада во Скопје од јануари 2024 година ќе биде назначен аташе за земјоделство, кој освен за земјава, ќе биде надлежен и за цел Западен Балкан. Се работи за Франк Милер, германски дипломат вработен во Германското сојузно министерство за земјоделство и храна, кој до скоро работел во Киев.

Целта на неговата позиција, како што соопшти денеска германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир, ќе биде интензивирање на соработката во агро секторот.

реклама

-Би сакал да најавам нешто. Франк Милер, еден од нашите најдобри колеги вработени во Министерството кој до неодамна беше во Киев и беше еден од првите дипломати што се врати во Германската амбасада и работеше во Киев, ќе биде аташе во Германската амбасада во Скопје како претставник на Сојузното министерство за храна и за земјоделство и тој нема да биде надлежен само за Северна Македонија, туку за целиот Западен Балкан. Целта на оваа позиција на Милер ќе биде интензивирање на соработката во оваа област. СР Германија навистина го поддржува пристапниот процес на Северна Македонија и ќе направи се што може за да го поддржи вашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, рече Оздемир по билатералната средба со својот домаќин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Милер ќе треба да ги обедини земјите од Западен Балкан за заедничко унапредување на земјоделскиот сектор.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ерменија го ратификуваше Римскиот статут, со што земјата е под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд

Следно

Ципрас се запозна со родителите на Заев: Се надеваме дека им кажал оти има сериозни намери со нивниот син

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop