Атанасовски: Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица

October 6, 2025
1 min read

Драги сограѓани заедно постигнавме значајни резултати за почиста животна средина и поголема енергетска ефикасност во нашата општина, рече на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа. Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%. Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Вкупната моќност на овие централи е 97 киловати, што на општинско ниво обезбедува 134 киловати чиста и зелена енергија. Во моментот спроведуваме постапка за целосна реконструкција на Здравствена станица проектот ќе биде завршен во наредните шест месеци, а објектот ќе биде современ енергетски ефикасен и со модерен изглед. Во првите две години од новиот мандат целосно ќе ги реконструираме детската градинка Бамби, објектот на ЈП Камена Река, средното училиште Миле Јаневски Џингар, за реконструкција на овие објекти веќе имаме подготвено целосна проектна документација. Со вашата доверба ќе продолжиме да ја градиме Македонска Каменица како зелена, современа и одржлива општина. Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка за вашиот градоначалник Димчо Атанасовски и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата Твоја Македонија, истакна Атанасовски.

Гласот за број 9 значи глас за продолжување на развојот на нашата општина, додаде Атанасовски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Добрите парови разговараат за нивните проблеми на три начини

Следно

Руски астролог тврди: Овие 2 хороскопски знаци добиваат премија или брзо ќе се збогатат

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop