Атанасовска во Аргумент плус: Проблемот со платите во култура е ист секоја година

April 22, 2025
1 min read

Претседателката на Синдикатот на културни работници, Вера Атанасовска во Аргумент плус рече дека, проблемот со платите во културата е ист секоја година поради усогласувањето со зголемената минималната плата.

Според неа, сега платите треба да се пресметуваат на друг начин и со тоа ќе се променат решенијата за плата. Таа зборуваше и за избирањето на нов директор во Филхармонија.

„Согласно колективниот договор е усогласувањето на сите плати со растот на мин ималната плата. Ова е проблем секој година, усогласување на платите согласно зголемувањето на мин плата, посебно со потпишуваањето на општиот колективен договор. Мислам дека нема да земеме плата утре бидејќи денека се променија нештата. Институциите добија насоки да пресметуваат плати на нов начин. До денеска имаме информација дека воопшто ниту една институција нема пресметано плата согласно новите насоки бидејќи тие се нејасни и се косат со законските одредби. Платите ќе бидат зголемени но се работи за проценти кои ќе се скратат. Двата начини се различни.  Ние имаме решенија за плата кои се по еден терк сега бараат да се поништат тие решенија и да се направат нови. Ние апелирме да не наоѓаат начини како да се скрати, туку да се постапува согласно договорите. Ние нема да прифатиме решенија со пониски права. Ќе ги обжалиме решенијата“, рече Атанасовска.

Таа зборуваше и за избирањето на нов директор во Филхармонија. Според неа,

„За жал партизацијата е навлезена сегде во институциите на културата. Ние имавме допис до Министерство за култура во кој баравме ослободување од партизација. Во култура директори се бираат на оглас. Кажувањето на имиња пред време покажува дека не се почитува конкурсот. Не можеме да знаеме пред време кој ќе се пријави. Мислам дека од Синдикатот на Филхармонија ги спремаат тужбите, сметаат дека се прекршени законските одредби, тоа останува да се докаже. Така да, само можеме како синдикат да апелираме во иднина да не се шпекулира со имиња, туку да се бираат со конкурс“, додаде Атанасовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски, осомничен за перење пари

Следно

Палестинскиот премиер го осуди убивањето на над 50.000 Палестинци во Газа

Latest from Blog

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува
Go toTop