Атанасоски во Отворено: „Вреди“ има проблем со легитимитетот кај гласачите, таму има истрошени кадри на ДУИ

April 8, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во Отворено рече дека, во политичката партија „Вреди“ во моментов проблем е нивниот легитимитет, но и судирот на ега и суети.

Според него, се додека во Македонија се зборува за етнички проблеми а не за реални, државата нема да има солидна иднина.

„Самото учество на ‘Вреди’ на изборите беше проблематизирано од нивниот легитимитет кој го добиваат од албанските гласачи. Во ‘Вреди’ имаме истрошени кадри кои претхдно биле од ДУИ па се тргнале и направиле политички партии или се ликови кои партиципирале во влади со ДУИ и тука е спорен тој легитимитет. Друго Таравари наголемо пред избори ветуваше дека ‘Вреди’ ќе поставува услови и ако не се почнат преговорите  со ЕУ за 6 месеци од новата Влада ќе го преиспитаат коалцирањето со владата. Гледаме дека тоа ветување не се исполнува. Имаме судир и на ега и суети“, рече Атанасоски.

Тој зборуваше и за тоа дека во Македонија потребно е да се зборува за реални проблеми кои си засегаат сите етнички заедници.

„Нашите проблеми ги делиме и ги живееме подеднакво сите. Сите дишеме загаден воздух, имаме катастрофално обарзование, имаме корупција, сите ги делиме истите проблеми и ако се навраќаме на етницирање на проблемите не само што нема да ги решиме туку ќе ги продлабочуваме. Македонија ќе станува се помалкубројна, има масовно иселување посебно откако се отворија портите со бугарскиот пасош, не се гледаат реланите теми туку се зборува само за етнички теми“, додаде Атанасоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: ГОЛЧИШТЕ на Рајс – го заобиколи „живиот ѕид“ и го матира Куртоа!

Следно

Уапсен е директорот на Болницата за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop