Асошиетед прес и Си-Ен-Ен: Во Хрватска победи критичар на ЕУ и НАТО

January 13, 2025
1 min read

Зоран Милановиќ, e новиот стар претседател на Хрватска, покажуваат резултатите од вториот круг на претседателските избори кои се одржаа вчера, и со добиени 75% од гласовите го прегази противничкиот кандидат од ладеачката ХДЗ Драган Приморац кој доби само 25% од гласовите.

Милановиќ во својот победнички говор рече дека победата во вториот круг од претседателските избори ја гледа како признание за досегашната негова работа и додаде дека и подава рака на Владата. 

– Ова е голем ден за мене, оваа победа ја гледам како признание и одобрување на мојата работа, Ова е плебисцитарна порака на хрватскиот народ до сите што треба да ја слушнат. – Зоран Милановиќ, Претседател на Хрватска.

Приморац во својот говор не му честиташе на Милановиќ, а подоцна во изјава за новинарите премиерот Андреј Пленковиќ одби да го стори тоа, нарекувајќи го Милановиќ повторно „прекршител на Уставот“. 

– Јас и Зоран Милановиќ споделуваме сосема различни духовни, морални, професионални вредности и размислувања за иднината на нашата татковина. Одлуката ја донесоа граѓаните и треба да се почитува. – Драган Приморац, Претседателски кандидат на ХДЗ.

Зоран Милановиќ доби повеќе гласови од кандидатот на ХДЗ Драган Приморац во сите хрватски жупании. Во пет окрузи тој доби поддршка од повеќе од 80 проценти. Интересно е што на едно место во Шибеничко-книнската жупанија тој доби сто проценти од гласовите. Ова е градот Чивљане, каде ги доби сите 37 гласа. Кандидатот на ХДЗ подршка доби само од хрватската дијаспора. Асошиетед прес и Си-Ен-Ен во објавата за победата на Милановиќ го нарекоа опозициски критичар на Европската унија и НАТО.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјална Софија молчи за барањето за припојување на Македонија кон Бугарија на Костадинов

Следно

Во Куманово, Струмица, Скопје и Кичево: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот

Latest from Blog

Се обидел да турне човек под воз- полицијата го пронашла и ќе го судат за обид за убиство (Вознемирувачко видео)

Осомничениот, 26-годишниот Елисио Мелендез, е приведен со кауција од 750.000 долари за инцидентот што се случил на 19 март, објави Фокс 13. Истражителите рекоа дека Мелендез му се приближил на човекот одзади

Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Отвораме Владин центар за сајбер инциденти, преку кој

Николовски: Владата ги потроши креативните решенија за европските интеграции

Извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во дебата во емисијата „Вин-Вин“ за европскиот пат на земјата оцени дека Владата досега ги потрошила речиси сите „креативни решенија“ во обидите за деблокада на евроинтеграциите,
Go toTop