ArtArea/Артерија#8, три дена културен кислород

September 19, 2024
1 min read

Од 20 до 22 септември ќе се одржи книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија#8 во кафе-книжарницата „Буква“. 

ArtArea/Артерија е книжевно-мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување, а организатор на фестивалот е издавачката куќа „Бегемот“. 

На годинешното издание ќе може да проследиме шест промоции на книжевни дела, два музички настапи, краток документарен филм и изложба на фотографии. Фестивалот се одржува со поддршка од Министерство за култура на РСМ и книжевната мрежа Традуки. 

Еве ја целосната програма:

АртАреа #8

Време и место на одржување: 20-22 септември 2024, кафе-книжарница „Буква“ 

20.09.2024

Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени

19:00 ч. – Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски

20:00 – Џез концерт – трио Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ 

21.09.2024

18.00 – Разговор за книгата за деца „Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино“ од Николина Андова Шопова и Наталија Лукомска (Бегемот, 2024); разговараат Николина Андова Шопова, Наталија Лукомска и Ѓоко Здравески

19.00 – Разговор за книгата: „Зентрифуга“ од Иван Шопов (Бегемот, 2024); со Иван Шопов разговара Калина Малеска

20:00 – Разговор за книгата: „Земја без залез“ од Марија Андријашевиќ, Хрватска (Бегемот, 2024); со Марија Андријашевиќ разговара Владимир Јанковски

21:00 – Музичка програма со Шурбе

22.09.2024

19:00 – Разговор за книгата: „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2024); со Ѕвездан Георгиевски разговараат Васко Маглешов и Иван Шопов

20:00 – 120 години Гомбро, разговор за книгата „Маскарада“ од Витолд Гомбрович (Бегемот, 2024); разговараат Филип Димевски и Бранко Тричковски

21:00 – Проекција на краток документарен филм за Витолд Гомбрович  

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ сака да забрани пушење и електронски цигари на отворено

Следно

78-годишен пациент почина од западно-нилска треска на Инфективна

Latest from Blog

Македонија стартува во Б-дивизијата: Ривали Шкотска, Швајцарија и Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија во Брисел ги дозна противниците за новиот циклус од Лигата на нации. За првпат од формирањето на ова натпреварување под капата на УЕФА, нашата селекција ќе се натпреварува

Хоџа: Регионалниот систем за отпад преминува во фаза на имплементација

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа учествуваше на настан организиран од Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, на тема „Патеки за вештини и

Лејла Кадриу: Ако вистината е навреда, тоа е нивен проблем

Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, изјави дека не гледа основ за извинување во врска со нејзините јавни настапи, нагласувајќи дека изнела факти на хронолошки и професионален начин. „Не гледам

Рјабков не исклучи нова воена операција на САД против Иран

„Ситуацијата на Блискиот Исток изгледа алармантно, Американците повторно преместија огромен број ударни системи таму, ден по ден го зголемуваат притисокот, се закануваат со употреба на сила и продолжуваат со обидите за дестабилизација
Go toTop