Артан Груби ем вели дека нема ништо со тендерот за надзорот за „Бехтел и Енка“ ем ги знае сите детали

March 8, 2023
3 mins read

Што имам јас заедничко со тој тендер? Го објавува ЈПДП од нивниот буџет, велеше на моменти првиот вицепремиер во гостувањето на ТВ 24, за веќе во следниот одговор да покаже дека во детали е запознаен со постапката за која тврди дека нема ништо со неа

Ништо не е потпишано со „Ептиса“, потпишано е со ИРД, таа („Ептиса“ н.з.) е „слипинг партнер“ во конзорциумот. „Ептиса“ веќе има целосно сменето сопственост и не е таа „Ептиса“ од 2020 година за која зборуваме и оваа информација, за жал, ја нема опозицијата и сега го руши кредибилитетот на некоја огромна компанија. За оваа „Ептиса“ немало забрана од Владата, тврди првиот вицепремиер

ИРД е водечка фирма во конзорциум од четири компании, каде што се и „Ептиса“, „Евро консалтинг“ и „Електра солушн“. Значи, носител е ИРД, Владата нема потпишано ниту еден договор ниту има разговарано со „Ептиса“. Ова е измислица на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме потпишале со ИРД, тоа беше јавно, пред камери, одеше на пренос во живо, значи со директорот на ИРД од Италија. Ништо не е потпишано со „Ептиса“, таа е „слипинг партнер“ во конзорциумот. „Ептиса“ веќе има целосно сменето сопственост и не е таа „Ептиса“ од 2020 година за која зборуваме и оваа информација, за жал, ја нема опозицијата и сега го руши кредибилитетот на некоја огромна компанија. За оваа „Ептиса“ немало забрана од Владата.

Ова вечерва во гостување на ТВ 24 го тврдеше првиот вицепремиер Артан Груби откако медиуми и опозицијата објавија факти кои отвораат сомнежи во врска со кредибилитетот на фирмите што се консултанти и треба да вршат надзор на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“.

На прашањето како „Ептиса“ од забранета фирма за македонските компании во ноември 2020 година, со владина одлука, за 10 недели во февруари 2021 година стана посакувана фирма, Груби рече дека поврзувањето на „Ептиса“ со овој проект на „Бехтел и Енка“ нема ништо заедничко.

„’Ептиса’ била надзор на железниците за тендер објавен од ‘Македонски железници’. Нема врска тоа со ова. ‘Ептиса’ е ‘слипинг партнер’ во конзорциумот, значи тие се таму согласно нивниот договор за конзорциум по однос на референциите за да се исполнат условите. Се спори за некоја одлука што е донесена во 2020 година. После жалбата одлуката е исправена од страна на Владата и тоа е за некој друг проект за железницата“,

додаде Груби.

За тоа дали „Електра солушн“ имала или немала лиценца, Груби рече дека не е тој во Бирото за јавни набави или во Комисијата за јавни набавки на ЈПДП, па да знае за ова.

На прашањето дека зад „Евро консалтинг“ стои синот на бараниот за измама во Ерменија, за што има потврда и од ерменското обвинителство, Бранислав Димитриевиќ, Груби врати со прашање што има синот со таткото. Зарем не е легитимно тој да си води фирма. Истражете и медиумите и Јавното обвинителство и Антикорупциска комисија.

„Жалам што сакаат да стават дамка на еден ваков огромен проект“,

рече Груби додавајќи дека оваа фирма е лабораторија и не прави надзор туку ќе ги проверува податоците.

Груби, меѓу другото, рече и дека Владата не го прави тендерот ниту Министерството за транспорт и врски, туку Јавното претпријатие за државни патишта.

„Согласно законот што се усвои во Собрание, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) беше обврзано да објави тендер за надзор кој ќе биде избран. Што имам јас заедничко со тој тендер? Го објавува ЈПДП од нивниот буџет“,

рече Груби.

Според него, општествена хистерија се и реакциите во врска со тендерот за надзорот на „Бехтел и Енка“

„Општествена хистерија гледаме за сè и сешто. Секој знае сè. Секој знае се за ланскиот снег, утрешниот дожд и за тендерот и за фудбалот, за кошарката, за политиката, за Бугарите, за Грците. Мислам навистина феномен сме како држава“,

додаде тој.

Груби даде и опис на историјатот за изборот на конзорциумот предводен од ИРД.

„ЈПДП го објави тендерот на 28 декември 2021 година и конкурираа две компании, американската ‘Хил’ и хрватската ИГХ. Тогаш ‘Хил’ беа дисквалификувани затоа што при апликацијата доставија половични документи и не се ни разгледа таа нивна апликација. ИГХ имаше уредна апликација, ги помина сите филтри, но на крај се установи дека била купена од руски олигарх кој имал неколку членови Руси во Управниот одбор и нивните банкарски сметки беа блокирани како дел од санкциите на ЕУ кон Русија. Следствено на тоа, таа компанија не успеа да достави банкарска гаранција до ЈПДП и со тоа пропадна тендерот“,

објасни Груби.

Потоа, додаде тој, тендерот се повтори и конкурираа три компании и тоа повторно „Хил“, ИРД и „Инжероп“ од Франција.

„Отворањето на понудите беше јавно. При увидот на документацијата од страна на ЈПДП и Комисијата за евалуација за тендерската документација ги дисквалификуваа ‘Инжероп’ и останаа ‘Хил’ и ИРД при што ‘Хил’ имаше повеќе од 50 отсто неправилни документи и се избра ИРД како најповолна понуда“,

додаде Груби.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби на Електра Солушн на скандалозен начин и обезбедиле тендер за надзор на изградбата на коридорите- смрди на матна зделка

Следно

Туркије: Над 232.000 згради се оштетени или ќе бидат срушени во регионот погоден со земјотресот

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна

Артан Груби ем вели дека нема ништо со тендерот за надзорот за „Бехтел и Енка“, ем ги знае сите детали

March 7, 2023
3 mins read

Што имам јас заедничко со тој тендер? Го објавува ЈПДП од нивни буџет – велеше на моменти првиот вицепремиер во гостувањето на ТВ 24 за веќе во следниот одговор да покаже дека во детали е запознаен со постапката за која тврди дека нема ништо со неа

Ништо не е потпишано со „Ептиса“, потпишано е со „ИРД“, таа („Ептиса“, н.з.) е „слипинг партнер“ во конзорциумот. „Ептиса“ веќе има сменето сопственост целосно и не е таа „Ептиса“ од 2020 година за која зборуваме и оваа информација, за жал, ја нема опозицијата и сега го руши кредибилитетот на некоја огромна компанија. За оваа „Ептиса“ немало забрана од Владата – тврди првиот вицепремиер

„ИРД“ е водечка фирма во конзорциум од четири компании, каде што се и „Ептиса“, „Евро консалтинг“ и „Електра солушн“. Значи, носител е „ИРД“, Владата нема потпишано ниту еден договор ниту има разговарано со „Ептиса“. Ова е измислица на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме потпишале со „ИРД“, тоа беше јавно, пред камери, одеше на лајф-стрим, значи со директорот на „ИРД“ од Италија. Ништо не е потпишано со „Ептиса“, таа е „слипинг партнер“ во конзорциумот. „Ептиса“ веќе има сменето сопственост целосно и не е таа „Ептиса“ од 2020 година за која зборуваме и оваа информација, за жал, ја нема опозицијата и сега го руши кредибилитетот на некоја огромна компанија. За оваа „Ептиса“ немало забрана од Владата.

Ова вечерва во гостување на ТВ 24 го тврдеше првиот вицепремиер Артан Груби, откако медиуми и опозицијата објавија факти кои отвораат сомнежи во врска со кредибилитетот на фирмите што се консултанти и треба да вршат надзор на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“.

На прашањето како „Ептиса“ од забранета фирма за македонските компании во ноември 2020 година со владина одлука, за 10 недели во февруари 2021 година стана посакувана фирма, Груби рече дека поврзувањето на „Ептиса“ со овој проект на „Бехтел и Енка“ нема ништо заедничко.

„’Ептиса’ била надзор на железниците за тендер објавен од Македонски железници. Нема врска тоа со ова. „Ептиса“ е „слипинг партнер“ во конзорциумот, значи они се таму согласно нивниот договор за конзорциум по однос на референците за да се исполнат условите. Се спори за некоја одлука што е донесена во 2020 година. После жалбата одлуката е исправена од страна на Владата и тоа е за некој друг проект за железницата“,

додаде Груби.

За тоа дали „Електра солушн“ имале или немале лиценца, Груби рече дека не е тој во Биро за јавни набави или во комисијата за јавни набавки на ЈПДП па да знае за ова.

На прашањето дека зад „Евро консалтинг“ стои синот на бараниот за измама во Ерменија, за што има потврда и од ерменското обвинителство, Бранислав Димитриевиќ, Груби врати со прашање што има синот со таткото. Зарем не е легитимно тој да си води фирма. Истражете и медиумите и Јавното обвинителство и Антикорупциска комисија.

„Жалам што сакаат да стават дамка на еден ваков огромен проект“,

рече Груби додавајќи дека оваа фирма е лабораторија и не прави надзор туку ќе ги проверува податоците.

Груби, меѓу другото, рече и дека Владата не го прави тендерот ниту Министерството за транспорт и врски, туку Јавното претпријатие за државни патишта.

„Согласно законот кој се усвои во Собрание, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) беше обврзано да објави тендер за надзор кој ќе биде избран. Што имам јас заедничко со тој тендер? Го објавува ЈПДП од нивни буџет“,

рече Груби.

Според него, општествена хистерија се и реакциите во врска со тендерот за надзорот на „Бехтел и Енка“

„Општествена хистерија гледаме за се и сешто. Секој знае се. Секој знае се за ланскиот снег, утрешниот дожд и за тендерот и за фудбалот, за кошарката, за политиката, за Бугарите, за Грците. Мислам навистина феномен сме како држава“,

додаде тој.

Груби даде и опис на историјатот за изборот на конзорциумот предводен од „ИРД“.

„ЈПДП го објави тендерот на 28 декември 2021 година и конкурираа две компании, американската ‘Хил’ и хрватската ‘ИГХ’. Тогаш ‘Хил’ беа дисквалификувани затоа што при апликацијата доставија половични документи и не се ни разгледа таа нивна апликација. ‘ИГХ’ имаше уредна апликација, ги помина сите филтри, но на крај се установи дека била купена од руски олигарх кој имал неколку членови Руси во Управниот одбор и нивните банкарски сметки беа блокирани како дел од санкциите на ЕУ кон Русија. Следствено на тоа, таа компанија не успеа да достави банкарска гаранција до ЈПДП и со тоа пропадна тендерот“,

објасни Груби.

Потоа, додаде тој, тендерот се повтори и конкурираа три компании и тоа повторно „Хил“, „ИРД“ и „Инжероп“ од Франција.

„Отворањето на понудите беше јавно. При увидот на документацијата од страна на ЈПДП и Комисијата за евалуација за тендерската документација ги дисквалификуваа ‘Инжероп’ и останаа ‘Хил’ и ‘ИРД’ при што ‘Хил’ имаше повеќе од 50 отсто неправилни документи и се избра ‘ИРД’ како најповолна понуда“,

додаде Груби.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Груби го осуди синоќешното убиство и ги охрабри институциите поскоро да ги откријат сторителите

Следно

(ВИДЕО) Грузиската полиција со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите пред Парламентот

Go toTop