Арсовска: Уставниот суд одби да ја разгледа иницијативата против изградба на хемиски фабрики во Ѓорче Петров

June 8, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на својот Фејсбук профил информираше дека Уставниот суд донел одлука да не ја разгледува иницијативата на Град Скопје за оценка на уставноста на планот со кој се дозволува изградба на три индустриски хемиски објекти во општина Ѓорче Петров.

Според Арсовска, станува збор за проект за изградба на три хемиски фабрики на површина од 157.000 квадратни метри, како и повеќе од 30 висококатници, со што значително би се надминала дозволената густина на население согласно Генералниот урбанистички план (ГУП) за тој дел од градот.

„Како град Скопје, во февруари 2024 година не дадовме согласност за ваквите градежни активности. Поднесовме иницијатива до Уставниот суд бидејќи фабриките се планирани во заштитната зона Нерези – Лепенец, каде се наоѓаат бунарите од кои пие вода цело Скопје“, изјави Арсовска.

Иницијативата беше поднесена пред година и половина, но на 28 мај 2025 година судиите одлучиле да не ја разгледуваат.

Градоначалничката истакна дека жителите на Ѓорче Петров се против изградбата на овие хемиски капацитети во нивната општина и посочи дека ваквиот развој на настаните претставува загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалерот на Челзи Жоао Феликс планира да го напушти клубот од Лондон

Следно

Атлетска трка „Трчаме за Рацин“ вечер во Велес

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop