Арсовска со отворено писмо до евроамбасадорот Рокас: „Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“

July 1, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати отворено писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по повод посетата на еврокомесарката Марта Кос во Скопје и одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан, посветен на Планот за раст.

Во своето обраќање, Арсовска го повика амбасадорот Рокас да ја информира еврокомесарката за сериозната состојба со безбедноста и владеењето на правото во Македонија.

„Почитуван господин Рокас, денес сте домаќин на еврокомесарката Марта Кос во Скопје на голем настан – Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст“, започнува Арсовска во писмото.

Таа обвини дека домашните институции и одредени политички претставници излегуваат во одбрана на партиски миленици, додека, како што вели, не реагираат на заканите и насилството врз други граѓани, вклучително и врз неа.

„Како човек и жена сум немала и немам заштита од ниту една институција за заканите кои континуирано ги добивам, кои сум ги пријавила и за кои јавно зборувам“, наведува Арсовска.

Во писмото таа јавно ја испраќа и следната порака:
„Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава.“

Арсовска потсети на неодамна откриениот криминален скандал во кој, според неа, е вклучен градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и организирана криминална група.

„Оваа група е вмешана во фалсификување и фабрикување на документи од повеќе институции, со што незаконски им овозможиле на одредени, дел малолетни, лица да стекнат милиони“, тврди Арсовска. Според неа, досега се откриени 152 случаи.

Таа информира дека по овие наводи, Основното јавно обвинителство покренало истрага и дека доказите се потврдени од повеќе јавни институции, како и од правни и физички лица.

Арсовска истакна дека, и покрај овие активности, заканите кон неа и вработените во Градот Скопје се интензивираат.

„Нашите инспектори и вработените, кои вредно работат на овој случај, се подложени на насилство и брутална сила. Гумите на возилата им беа исечени со ножеви, при што и тие, како и јас, добија директни закани по нивната безбедност, од лица вклучени со Висар Ганиу во овој скандал“, вели таа.

Таа додава дека сите инциденти се официјално документирани и пријавени во Министерството за внатрешни работи, но, според неа, постапувањето е бавно, што ја загрозува безбедноста на сите инволвирани.

Во завршницата на писмото, Арсовска апелира до амбасадорот Рокас, нагласувајќи ја важноста на владеењето на правото како дел од европските пристапни поглавја.

„Вашето вклучување не само што ќе го зајакне и придвижи постапувањето кон правдата, туку ќе испрати и јасна порака дека корупцијата и криминалните активности нема да бидат толерирани“, завршува Арсовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челникот на Комисијата на турскиот Парламент, Октај: „Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот“

Следно

Муртезани домаќин на Самитот на лидерите за Западен Балкан

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop