Арсовска со иницијатива за „бришење“ на „Адем Демачи“ – Ганиу и советниците Албанци велат дека тоа нема да се реализира

August 15, 2023
1 min read

реклама



Тоа што го кажа вчера, го направи денеска. Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за отстранување на името на улицата „Адем Демчаи“ и враќање на старото име „Втора македонска бригада“. Ова за ТВ21 го потврди претседателот на Советот, Трајко Славески.

„Уште денес ќе ја проследам до Комисија за имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктури објекти. Тие треба да дадат мислење. Уште од јули имаме планирано редовна седница на Совет на град Скопје за 31 август. Ќе постапиме според законските одредби за ова прашање. Оваа иницијатива како предлог од Градоначалник, ќе биде меѓу првите точки на дневен ред. За да се усвои предлогот на градоначалникот Арсовска треба мнозинство од 23 советници, плус мнозинство од советниците кои не се Македонци, кои гласаат одделно“, вели Трајко Славески.

реклама

Но, колку се реални шансите да се реализира иницијативата на Арсовска? Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, воедно и потпретседател на ЗЕЛС за ТВ21 изјави дека не верува дека советниците Албанци би имале храброст да гласаат за враќање на старото име. За да помине оваа иницијатива Ганиу вели дека мора да има двојно гласање, односно да гласаат и советниците Албанци.

„Се подразбира дека овие измени мора да се случат во Советот на Град Скопје и мора да бидат одобрени со двојно гласање. Со Бадентеровиот принцип. Мислам иницијативата е започната, но дали целта на г-ѓа Арсовска може да се постигне е знак прашалник затоа што знаете, за да се направи мнозинство на Бадентер, мора да гласаат и советниците Албанци. Такво нешто, не верувам дека во овие времиња, во денешно време, некој ќе гласа против името на Адем Демачи“, порача Висар Ганиу.

реклама

За ова прашање беа прашани и советниците Албанци во Град Скопје.

„Дефинитивно нема да гласаме за тоа. Постапката за именување на улицата „Адем Демачи“ во Чаир е направена по иницијатива на ДУИ и истата ги има поминато сите законски и управни процедури и е во согласност со сите законски одредби. Ги повикуваме сите да не се обидуваат да ја злоупотребуваат оваа тема за дневна и националистичка политика бидејќи тоа е неплодна иницијатива“, вели Бесник Ајети.

реклама

„Досега немаме добиено известување за одржување на седницата за гласање по оваа иницијатива. Сепак, кога и да се одржи, јас и онака нема да гласам за тоа. Не доаѓа в предвид“, додаде Кадри Хаџихамза.

Инаку, претходниот Совет на Град Скопје, на 66-тата седница одржана на 30.03.2021 година, со 25 гласа ЗА ја изгласа одлуката за промена на имињата на улиците во Скопје. „Втората македонска бригада“ како име на улица постои, но во Козле, улица која порано се викаше „Ловќенска 9“. За промена на име на улица, според законот за локална самоуправа, потребно е мнозинство од присутните советници, како и мнозинство гласови од советниците, претставници на етничките заедници.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал го промовира Нејмар (ВИДЕО)

Следно

Двата хеликоптери на МВР учествуваа во локализирање на пожарот во кочанско со исфрлени 56 тони вода

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop