Арсовска на увид: Започна изградбата на новопроектираната улица 4 во Карпош

December 30, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта, денеска извршија увид во почетокот на градежните работи на изградбата на новопроектираната улица 4 во населеното место Криви Дол во општина Карпош.  

– Отпочнувањето со изградба на една од двете новопроектирани улици во ова населено место, улицата 4, како потреба произлезе поради изградбата на новиот кружен тек помеѓу булевар „8 Септември“ и улица „Скупи“, како и изградбата на новата клучка кај Момин Поток. Со нивната изградба се овозможува промена на постоечкиот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување на движење со моторни возила по пешачката и вело патека и диво приклучување на ул.Скупи и на бул. „Никола Карев“, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новата улица на жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап на жителите до нивните домови, велат од Град Скопје. 

Изградбата на новопроектираната улица број 4 се реализира преку меѓуопштинска соработка, а градежните работи на истата ги реализира јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје

Следно

Милеј одлучи Аргентина да не влезе во БРИКС сојузот

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop