Арсовска му испрати отворено писмо на Мицкоски

August 30, 2024
1 min read

Градоначалничката на град скопје данела арсовска со отворено писмо на христијан мицкоски…Откако Советот на градот, повторно не ги изгласа одлуките за набавка на екоавтобуси и за БРТ системот за превоз, арсовска побара од премиерот да ги вразуми советниците од вмро дпмне а доколку не може да го направи тоа, тогаш владата да ги набави потребните автобуси за функционирање на јавното сообраќајно претпријатие но и да ги исплати долговите кон јавните претпријатија..Доколку пак нема пари во буџетот за ваква намена, да се закаже вонредна седница на Советот, за Градот да им префрли пари…

Данела Арсовска

„Недозволиво скопјани да чекаат автобуси по еден час на екстремни температури, недозволиво е учениците да немаат превоз, а уште пострашна е најавата на министерката за образование и наука дека нема намера да го исплати долгот за бесплатниот превоз на студенти и средношколци кон ЈСП. Како влада со големо владеачко мнозинсво имате начин и капацитет, а сакам да верувам дека имате и политичка волја да ги исплатите долговите кон ЈСП од 8 милиони евра, кон Комунална Хигиена од 2.5 милиони евра, но и кон Јавното Претпријатие Дрисла на кој само Клинички центар му должи 1 милион евра, како и долговите кон Водовод и Канализација кои се бројат во милионски суми.“

Пред две недели, Скопските градоначалници побараа од Арсовска да даде оставка поради негрижа за градот и побараа од владата да и ги одземе ингеренциите за јавните претпријатија Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило..Мицковски пак и даде рок на Арсовска од една недела, а доколку нема напредок најави дека ќе се разгледаат можностите за одземање на нивните ингеренции…Од Градот Скопје, пак најавија дека ќе има вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија кои се под негова надлежност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи со официјална понуда за Санчо неколку часа пред затворањето на прозорецот

Следно

Ристески на средба со хотелиери и занаетчии од Охрид: Министерството за економија и труд им стои на располагање на компаниите и стопанствениците

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop