Арсовска до Ганиу: Јасно му е на секој кој лаже, кој е криминалец и дека тука нема политика, туку има криминал

August 1, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со остра објава на Фејсбук му одговори на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, откако тој најави тужба против неа поради, како што рече, „невистини и клевети“. Арсовска директно го нарече Ганиу „криминалец“, обвинувајќи го за заштита на 50 дивоградби кои, според неа, се градат во моментов во општина Чаир.

„Слушај криминалецу, луѓе сон немаат во Чаир од твоите небезбедни згради, кои со фалсификати ги легализирате за да избегнете плаќање комуналии и да перете пари“, напиша Арсовска. Таа најави дека ќе објавува еден по еден сите објекти што моментално се градат, посочувајќи дека тие не се ниту од пред 10, ниту од пред 5 години, туку тековни градби под, како што тврди, заштита на Ганиу.

Исто така посочи дека народот гледа и дека јасно им е на сите што се случува.

„Знае народ има и ум и очи и уши. Јасно му е на секој кој лаже, кој е криминалец и дека тука нема политика, туку има криминал, а ти со милионите се штитиш и си купуваш мир преку другарчињата од Влада.“ – додаде Арсовска.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полумесечината ги осветли знаменитостите на Истанбул

Следно

Вчера попладне регистрирани над 10.000 молњи во северна и централна Грција

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop