Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски

May 21, 2025
1 min read

Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ која од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак.

Како што информираше денеска началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски.

-Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничите и партнерските сили како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски.

Ко-директорот на вежбата потполковник Ристо Стоев појасни дека сценариото на вежбата, која е дел од серијалот на вежби „Defender 25“  е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби. Нагласи дека вежбата ќе ги потврди капацитетите и умешноста за организирање и координација на големи вежби заедно со другите армии на НАТО.

На вежбата на АП Криволак ќе учествуваат Северна Македонија со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници. 

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Во рамки на вежбата, односно пред официјалниот почеток, на 23, 24 и 25 мај, воените оркестри на Армијата на Северна Македонија и САД ќе одржат концерти во Штип, Битола и Скопје, а отворен ден за граѓаните со приказ на опрема од вежбата ќе се одржи на 1 јуни во Кавадарци. Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена за денешното финале

Следно

Пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ: Еве колку пари треба да платат на наставничката

Latest from Blog

ФФМ распиша конкурс за дизајн на новиот пехар за шампионот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига. Целта на конкурсот е да се изработи современо,

СО ОВОЈ ТРИК НЕМА ДА МОРА ДА СТРУГАТЕ МРАЗ ОД СТАКЛАТА НА АВТОМОБИЛОТ: Само вклучете ги бришачите и можете да возите

Утринскиот аларм ѕвони, надвор е длабок минус, а веќе ве фаќа студ при самата помисла на онаа омразена пластична стругалка и смрзнатите прсти. Решението за замрзнатите стакла на автомобилот не е во

Пикси пред нов ангажман?!

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Ете, и тоа го има. Конечно се најде клуб кој сака навистина да го ангажира Драган Стојковиќ – Пикси, некогашниот селектор на Србија. Станува збор за Рубин Казан,

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби на ова чувствително прашање од страна на дел од опозицијата, насочени кон
Go toTop