Арачиновци плаќаат данок, а во Општината има и кој да ги наплати!

December 22, 2023
1 min read

реклама


,,Арачиновци не плаќаат данок” – тоа е веќе минато.
Со доаѓањето на новиот Градоначалник Ридван Ибраими на чело на Општината работите почнуваат да се менуваат драстично,од ден на ден Арачиново бележи само успеси во сите сфери,а успесите ги потврдуваат и релевантни меѓународни организации, велат од Општина Арачиново.

Денес во Скопје,во Хотел Холидеј Ин во организација на УСАИД се одржа презентација на соработката со повеќе партнер општини а Градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими ги презентираше податоците за 2023 година во делот на собрани даноци.

Општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст.

Преставникот на УСАИД Бардил Марку во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново цело време зборуваше во суперлатив, и ја нарече Арачиново ,,успешна приказна”
УСАИД исто така ја пофали Општина Арачиново и во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.

Според најновите истражувања Општина Арачиново од 16 максимални индесни поени освоила 12 што е најголем раст, а исто така Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност.

На крајот од денешната презентација како што рече и самиот Градоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе ,,црна овца” туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу по големи Општини и финансиски појаки од нас, но нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне.

Градоначалникот Ибраими исто така им честиташе но истовремено им се заблагодари на општинската администрација и посебно на граѓаните на Арачиново за постигнатите резултати.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачи на 144

Следно

Фидан: ЕУ ја смета Туркије повеќе за ривал отколку за партнер

Latest from Blog

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со
Go toTop