Апсења во Белгија за подготовка на терористички напад, меѓу приведените и еден Бугарин

March 29, 2023
1 min read

Бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од локалните белгиски медиуми, јавуваат дека еден од приведените е Бугарин. Тој со уште двајца други е приведен во рации во Брисел, додека пет лица биле уапсени во градот Антверпен

Белгиска полиција / Архивска фотографија / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Белгиската полицијата денеска привела вкупно осум лица во акција спроведена во понеделникот на повеќе локации во земјата, а најмалку пет од нив се осомничени за подготовка на терористички напад во Белгија.

Федералното обвинителство соопшти дека апсењата се резултат на две одделни истраги.

„Постои поврзаност меѓу двата случаи, но понатамошната истрага ќе треба да открие до кој степен двата случаи се испреплетени меѓу себе“,

пишува во соопштението.

Една од акциите се одвивала во градот Антверпен каде биле приведени пет лица. Од нив, пренесува „Политико“, најмалку двајца се осомничени дека подготвувале терористички напад на белгиска територија.

Во рамки на другата истрага, во општини во рамки на главниот град Брисел се приведени три лица. Сите се осомничени за подготовка на терористички напад.

Официјално целта на нападот засега не е позната, а во овој момент обвинителството вели дека нема да споделува дополнителни информации.

Локалните медиуми повикувајќи се на изјава на белгискиот министер за правда, Винсент Ван Квикенборг, јавуваат дека осомничените планирале напади врз државни институции. Има информации дека мета би биле полициски станици.

„Во Антверпен и Брисел беа приведени осум лица и сега се сослушани од федералните служби. И во двата случаи мислиме дека имаме повеќе од една причина да се сомневаме дека се работи за луѓе кои имале конкретни планови да извршат терористички напад во Белгија“,

изјавил Ерик ван дер Сеип, обвинител од Федералното обвинителството.

Дел од медиумите пренесуваат и дека еден од осумтемина приведени е ослободен, додека останатите седум остануваат во притвор.

Повикувајќи се на информации од локални медиуми, веста одекна и во бугарските медиуми кои пренесуваат дека еден од уапсените е бугарски државјанин. Бугаринот се вика Сергеј, а неговото презиме не е познато.

Според објавените информации, тој е еден од тројцата приведени во рациите во Брисел.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Винисиус одби да ја носи легендарната „седумка“ на Реал

Следно

Арсенал нуди 30 милиони евра за Дијаз

Latest from Blog

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека
Go toTop