Апокалиптични сцени во Газа: Разорениот град Хан Јунис

November 24, 2023
1 min read

ХАН ЈУНИС (АА) – Со договорот меѓу Хамас и Израел започна хуманитарна пауза, која ќе ги запре нападите врз Газа на четири дена и ќе овозможи размена на заробеници и влез на хуманитарна помош, јавува Анадолу.

Меѓутоа, низ Појасот Газа на секое место е видлив ужасниот степен на разорување и апокалиптичните сцени кои останаа по бруталните напади на израелската војска.

Снимателот на Анадолу со дрон го сними степенот на уништеност во градот Хан Јунис, второто по големина урбано подрачје во Појасот Газа, по градот Газа.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу израелската војска и Хамас стапи на сила утринава на сите подрачја во Појасот Газа, со што привремено се запрени нападите поради размена на заробеници и влез на хуманитарна помош во енклавата.

Од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври, загинаа 14.854 Палестинци, од кои над 6.150 се деца, а над 4.000 се жени.

Во Израел загинаа 1.200 луѓе, меѓу кои повеќе од 310 војници, додека 5.132 лица се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партијата на Димитриевски со свој кандидат за претседател

Следно

Пронајдена почината жена во кочанското село Бели, осомничен нејзиниот син

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop