Апокалиптични слики од поплавите во Тексас

July 7, 2025
1 min read

Апокалиптични и траорни снимки пристигнуваат од Тексас, САД каде реката Гвадалупе го надмина речното корито, а водата на реката достигна ниво поголемо за 8 метри носејќи куќи, автомобили и животи.

Според последните информации, загинати се најмалку 82 човечки животи, од кои најмалку 28 деца кои престојувале во летниот камп Мистик, а до сега најмалку 850 лица се спасени, а повеќе од 45 се водат како исчезнати. Од федералните служби во Тексас соопштуваат дека потрагата по исчезнати продолжува а издадени се наредби за евакуација поради стравување од нови поплави. 

Помеѓу преживеаните владее хаос и паника, а дел од евакуираните, како што е  Рики Гонзалез говорат за хоророт кој го преживеале. Според Гонзалез се сè случило многу брзо и за неколку минути биле поплавени улиците и уништени домовите што може да се види на  социјалните мрежи каде кружат вознемирувачки снимки кои ја прикажуваат брзината со која водата го поплавила подрачјето. 

„Само што се разбудив видов многу вода наоколу, се сè случуваше во две минути, но имам чувство дека се случуваше два часа, мислев дека нема да преживеам, и кажав на сестра ми збогум преку фејс тајм, Подготвивме душеци и фрижидери за пливање… само за да преживееме.“ – изјави Гонзалез. 

Погодените подрачја ги посети и претседателот Доналд Трамп кој потпишал проглас за голема катастрофа и најави нови мерки во зависност од условите кои ќе бидат констатирани од страна екипите кои работат на терен. 

„Потпишан е проглас за голема катастрофа, ние, јас,  ќе продолжиме да ја следиме состојбата и сите во Тексас Кои имаат надлежности ќе ја следат состојбата. Нашата неверојатна крајбрежна стража, заедно со државните тимови за итни интервенции, спасија повеќе од 850 животи. Бог да го благослови Тексас и сите семејства!“ – изјави Трамп.

Инаку, во моментов екипи од воздух и по вода, повеќе од 100 спасувачи се обидуваат да стигнат до загрозените области. Специјални единици, хеликоптери и волонтери се мобилизирани во операција без преседан. Заменик-гувернерот на Тексас, Ден Патрик, во изјава  за Фокс њуз ги предупредил граѓаните дека се очекува бројот на загинати да продолжи да расте, а исто така информираше дека на сила е вонредна состојба.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

М-НАВ и официјално стартува со вработувањата за кои Синдикатот тврдеше дека се спорни

Следно

На повидок формирање на работна група за независно обезбедување на Собранието

Latest from Blog

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран

Реформи во јавната администрација

Непотизам, партиски или етнички клуч при вработувањето во јавната администрација ја прави неефикасна и неквалификувана да ги услужи граѓаните. Ова е стара болка на администрацијата која со долготраен процес почна да се

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти
Go toTop