Апелациониот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

November 6, 2023
1 min read

реклама


 Апелациониот суд Скопје денеска треба да одржи јавна седница за случајот „ТНТ“ поврзан со рушењето на станбено-деловниот комплекс „Космос“. 

Сопственикот на компанијата „ФИНЕ“ Фијат Цаноски вчера на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелациониот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра.

реклама

– Судијата известител и претседател на советот Ѓоко Ристов наместо да постапи согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП) за предметот и да закаже интерен термин за советување и гласање по предметот, тој закажува нова јавна седница за 06.11.2023 година, сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи, тогаш Советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата отштета од 11 милиони евра, рече Цаноски.

Според првостепената пресуда на Кривичниот суд, Цаноски треба да добие отштета од речиси 11 милиони евра поради уривањето на комплексот.

реклама

Денеска во хотелот „Александар Палас“ се одржа прес - конференција за судскиот преседан за судбината на предметот „ТНТ“ од страна на г-дин Фијат Цаноски, сопственик на фирмата Инвеститор ТД „

На ова реагираше Апелациониот суд од каде посочија дека постапувањето на судечкиот совет е согласно Законот за кривична постапка.

-По одржаната јавна седница на ден 08.05.2023 година, во тек на процесот на донесување на одлука, членовите на советот разгледувајќи ги жалбите на повеќе заседанија, се впуштија во оцена на основаноста на жалбените наводи, а со оглед дека се работи за обемен и комплексен предмет, со огромен број докази, и пред мериторно одлучување, поради констатираните неусогласености помеѓу записникот за советување и гласање на првостепениот суд и изворникот на првостепената пресуда со писмениот отправок на изготвената пресуда во делот на изречената казна на еден од обвинетите, како и во делот на засметување на притворот во изречените казни, на заседанието одржано на ден 11.07.2023 година, членовите на судечкиот совет одлучиле предметот со сите списи административно да се врати на првостепениот суд заради отстранување на горенаведените неусогласености кои претставуваат процесна пречка за донесување на второстепена одлука, се посочува во соопштението.

реклама

Првостепениот суд, како што се наведува, постапувајќи по административното враќање на списи на овој суд, на 01.09.2023 година донел Решение за исправка коешто е експедирано до странките на 11.09.2023 година.

-По комплетирање на списите на предметот на ден 05.10.2023 година, истиот повторно е доставен до Апелациониот суд Скопје, по што на 06.10.2023 година е испратен на мислење по изјавените жалби на пресудата до Вишото јавно обвинителство Скопје, чиј предлог е примен во Судот на 12.10.2023 година, по што веднаш е закажана јавна седница за ден 06.11.2023 година, на барање на странките, наведуваат од Апелациониот суд.

Поради зголемен интерес на јавноста, од Апелациониот суд Скопје најавуваат дека ќе обезбедат услови за следење на седницата за заинтересираната јавност и медиумите. 

реклама



MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израел за еден час изврши над 100 воздушни напади врз градот Газа

Следно

Американскиот државен секретар Блинкен во посета на Анкара

Latest from Blog

Барселона во финалето на Суперкупот го декласира Реал Мадрид

Барселона го освои рекордниот 15. трофеј во шпанскиот Суперкуп, откако убедливо го совлада големиот ривал Реал Мадрид во спектакуларното финале во Џеда. „Ел Класико“ одиграно во Саудиска Арабија, на стадионот „Крал Абдула“,

„Моето најдлабоко сочувство оди до оние кои претрпеле непоправливи загуби“: Давкова за разорните пожари во Лос Анџелес

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели со длабока загриженост ги следи вестите за разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес. „Моите мисли се со сите кои се погодени од оваа трагедија, со семејствата

Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот – СДСМ предлага 2 мерки како решенија

Власта ги остави на цедило оризопроизводителите. Неспособноста на Цветан Трипуновски создаде криза со откупот на оризот и оризовата арпа.  Од 28.000 тони откупени се околу 6.000 тони или едвај околу 20% од

Ракометарите со минимална победа во последната проверка пред СП

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги заврши подготовките за настапот на Светското првенство (СП) кое се игра овој јануари со победа. Нашиот национален тим во последниот контролен дуел победи против Зеленортски Острови

Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите

Досегашниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ (СДП) освои 77,86 проценти, а Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии 22,14 отсто од гласовите на денешниот втор круг од
Go toTop