Антониа Гиговска ќе го промовира својот прв албум „2001“

February 28, 2024
1 min read

И конечно дојде време, еден од најголемите сонови на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска се исполни. На 3. март, Антониа и официјално ќе ви го претстави нејзиниот прв албум, на кој ќе се најдат сите нејзини 15 композиции.
Албумот симболично носи наслов „2001“, по годината во која е родена таа.
На овој носач на звук ќе се најдат 15 композиции, од кои повеќето се дело на продуцентот Лазар Цветковски, потоа Дарко Димитров, а има и песна на големиот Кире Костов…
Промоцијата на албумот на 3. март ќе биде на првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“, каде ќе биде организирано и дружење со Антониа и сликање, а она што е најважно, верните фанови албумот ќе го добијат бесплатно и тоа на усб-картичка со ликот на Антониа и насловот на песните…
„Би сакала да ве повикам сите оние кои што вистински ја сакате и слушате мојата музика, да дојдете на мојата промоција на мојот прв албум „2001″ и да се дружиме во „Скопје Сити Мол“ на 3. март на главниот влез во 18:00 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и ќе си добиете по едно албумче! Се надевам дека ќе ве видам во што поголем број“ – порачува младата ѕвезда.
Инаку на промоцијата ќе има и кутија за собирање паричини средства за младото момче Лео.
„Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба и собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео. Да му помогнеме да застане на нозе и повторно да се радува на животот“ – вели Гиговска“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски од Штип: Целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот мора да продолжи!

Следно

Османи: Господари сме во сопствената куќа, ние не сме малцинство – ние ја водиме државата

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop