Антикорупциска: Законот важи за сите. Судиите не се „сите“?!

November 21, 2024
1 min read

Како што е утврдено со закон, ДКСК има обврска да спроведува превенција и спречување на можни злоупотреби на службената положба, судир на интереси и незаконско постапување. Во текот на спроведувањето на своите надлежности, ДКСК не ги оценува личните ставови или политичките интереси на засегнатите лица, туку исклучиво се води од факти и законски утврдени обврски, соопштија од комисијата.

Секој е должен, според напишаното од страна на комисијата, да го почитува Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вклучувајќи ги и правосудните органи.

„ДКСК како самостојна и независна институција има законска надлежност и обврска да се грижи за доследно почитување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и нема да отстапи од својата мисија и цел. Констатирана повреда на законот со одлука на ДКСК, во никој случај не претставува мешање во било која власт, бидејќи законите важат подеднакво за сите. Дејствијата и одлуките кои се во спротивност со Законот за спречување на корупција и судир на интереси создаваат ризици од корупција и судир на интереси и не смеат да опстојуваат како такви во правниот промет.

Државната комисија (по пат на ова соопштение) го реафирмира својот став изразен во Одлуката бр. 09-2838/12 донесена на седницата одржана на ден 08.11.2024 година, дека Одлуките на Судскиот совет на РСМ и Советот на јавните обвинители на РСМ за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не се во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и со Законот за академијата за судии и јавни обвинители. Имено, пропишаната забрана за вршење на други дејности и членување во управни и надзорни одбори за време на вршење на функцијата важи и во конкретниот случај. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители кои се од редот на обвинителите и судиите се избрани да ја вршат функцијата член на совет професионално и за времетраењето на нивниот мандат како членови на советот не ја извршуваат функцијата судија, односно јавен обвинител, туку истата им мирува. Истовремено, со членот 9 од Законот за академијата за судии и јавни обвинители е јасно пропишано дека советите назначуваат по двајца членови од редот на судиите, односно од редот на јавните обвинители, а не од сопствените редови.

ДКСК изразува благодарност до сите институции кои ја следат работата на ДКСК и покажуваат подготвеност за соработка и ги почитуваат укажувањата и препораките од ДКСК и на тој начин даваат придонес кон остварување на заедничката цел – спречување на корупцијата во општеството.

ДКСК останува посветена на својата мисија и уверува дека секоја преземена активност е со целосна одговорност, транспарентност и во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија“, се прецизира во информацијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски го започна одбележувањето на Денот на азбуката на Албанскиот јазик во основните училишта „ВИЗБЕГОВО“ и „ПЕНКО“

Следно

Кремљ одби да коментира за наводното лансирање на интерконтиненталнa балистичкa ракетa врз Украина

Latest from Blog

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во

Коњановски: „Приказната за Силјан“ носи ново филмско доживување за битолчани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска остварил средба со продуцентот на филмот „Приказната за Силјан“, Јорданчо Петковски, по повод вечерашната премиера на филмот во Битола. Како што истакна Коњановски, особена
Go toTop