„АНОРА“ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА 97. ОСКАРИ, МАЈКИ МЕДИСОН ЈА ПОБЕДИ ДЕМИ МУР ЗА НАЈДОБРА АКТЕРКА

March 3, 2025
1 min read

Анора“, приказната за њујоршка сексуална работничка која добива нова шанса во животот откако ќе се омажи за богат руски клиент, доминираше на 97. Оскари, освојувајќи пет награди, меѓу кои и за најдобар филм. „Бруталист“ се закити со три оскари, а „Емилија Перез“ со два, иако имаше дури 13 номинации.

Главната ѕвезда на „Анора“ Мајки Медисон ја победи Деми Мур за Оскарот за најдобра актерка, додека Шон Бејкер стана првата личност која добила четири оскари за еден филм. Бејкер славеше како продуцент, режисер, сценарист и монтажер на „Анора“.

Најдобрите актери за 2024: Ејдриен Броди, Мајки Медиосн, Зое Салдана и Киран Калкин (Фото: Тајмс)

Анора“ бил снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудските стандарди, но излезе како победник од непредвидливата оскаровска трка, во која претходно повеќе шанси им се даваа на „Емилија Перез“ и „Бруталист“. „Анора“ беше објавен од независниот дистрибутер „Неон“ и на крајот заработи 40 милиони долари.

Ако правите независни филмови, ве молам, продолжете со тоа. Ни требаат повеќе. Ова е доказ“, изјави Бејкер.

Ејдриен Броди го освои вториот Оскар за најдобар актер, 22 години по „Пијанист“, овојпат за улогата на еврејски мигрант и архитект во „Бруталист“. За најдобри споредни улоги беа наградени Зое Салдана за „Емилија Перез“ и Киран Калкин за „Вистинска болка“, кои беа без конкуренција во оваа сезона на филмски награди.

Бразилскиот „Уште сум тука“ е прогласен за најдобар странски филм, додека хрватскиот „Човекот кој не можеше да молчи“ не победи во категоријата краток игран филм.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИМА објав повик за финансиска поддршка на инфлеунсери за борба против дезинформации

Следно

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 14 степени

Latest from Blog

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот Исток

 Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до

Палмино масло наместо млеко? Косово повлече 12 млечни производи од продажба

Случајот со млечните производи што деновиве го привлече вниманието на јавноста во Косово станува поширок, откако контролите покажаа дека зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Токму затоа,

АМЕРИКА ИМА ПРОБЛЕМ, ПОСАДАТА ИМ СКОКА ВО МОРЕ

Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ го започна своето патување кон Соединетите Американски Држави по неколкумесечна мисија за време на војната со Иран. „USS George Washington“ пристигна на Блискиот Исток и
Go toTop