Од спроведената анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ за локалните избори, за случувањата во земјава и за рејтингот на политичарите и политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ има убедливо поголема поддршка од СДСМ пред Локалните избори во Македонија.
На прашањето „за кој кандидат за градоначалник на општина Битола ќе гласате на локалните избори“, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ има доверба од 26,6% од испитаниците, Габриела Илиевска со 11,2%, за кандидатот од СДСМ Методија Куневски се изјасниле 10,8% од испитаниците, Јорго Огненовски од Демократи 2,5%, Зоран Николовски 1,5% и за кандидатот Мирјана Мирчевски се изјасниле 1,4% од испитаниците.
Оваа анкета покажува дека најголема поддршка добива кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.
На прашањето за која партија/советничка листа би гласале на изборите во општина Битола? За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 24,7% од испитаниците, за СДСМ 11,6%, за Левица 6,9%, ЗНАМ има доверба од 4% во Битола, Граѓанска иницијатива Грин 3,6%, Коалиција за Зелена иднина 3% и ЛДП 1%.
На прашањето која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори? 29,2% од испитаниците сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, 9% се изјасниле за СДСМ, за Левица 4,2% од испитаниците и за ЗНАМ 2,6%.
Извор: kurir.mk