Анкета: Кандидатот за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ е скоро со двојна предност пред СДСМ

February 7, 2024
1 min read

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата е скоро со двојна предност пред кандидатот за претседател од владејачката СДСМ. Ова го покажува најновата анкета на Институтот за политичко истражување Скопје која беше вчера презентирана во емисијата Објектив на Македонската радио телевизија.

На прашањето за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори во изборната единица 2, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле дури високи 20.2 проценти, додека за владејачката партија СДСМ само 11 проценти, за кандидатот на ДУИ дале поддршка само 6.7 проценти, ЗНАМ 5.7 проценти, ЕСП 5.2 проценти за кандидатот на Левица исто толку 5.2 проценти, за АА 3.7 проценти, за ниеден 17.3 проценти, не сака да каже 9.8 проценти, додека 8.9 проценти одговориле со не знам.

Во изборната 6 на истото прашање за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори, тука кандидатот на ДУИ би освоил 17.6 проценти од испитаниците, додека кандидатот на Европскиот сојуз за промени би освоил 16.2 проценти. Од македонскиот блок најголема поддршка има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 7.4 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ која има само 3.8 проценти, додека за кандидатот на АА би гласале 6.4 проценти.

Под еден процент се кандидатите на Левица и ЗНАМ. За ниеден одговориле 19 проценти, не сакале да кажат 14 проценти, додека не знаат или немаат одговор рекле 9.9 од испитаниците.

Анкетата е спроведена телефонски, во изборната единица 2 на 1002 испитаници односно 1001 испитаник во изборната единица 6 со забележана грешка од плус минус 3 проценти.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Косово е вратено комбето со динари, кое носело плати, пензии и социјална помош за Србите

Следно

Македонија ги добива ривалите во Лигата на нации, Романија и Шведски најнепосакувани

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop