„Анима Мунди“ прашува дали Сашо Дранго има забрана за користење оружје

January 3, 2025
1 min read

„Веста дека Битолското обвинителство отворило предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, на која е прикажан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија, е добар чекор кон разрешница ако сакаме да се наречеме правна држава“, велат од организацијата Анима Мунди.

Тие додаваат дека, според изјавите на Дранго, тој ја инволвирал и институцијата во која работи, како и други лица кои, според нив, не треба да бидат користени како параван во оваа ситуација.

„Имајќи предвид дека во билтенот на МВР не постои податок за сообраќајна несреќа со мечка во декември, а и дека во случај на такво нешто постои строго дефинирана процедура според Законот за дивеч и ловство и Законот за заштита на животните, очекуваме брзо разгледување на реалната состојба, брзо постапување и најстрога казна“, истакнуваат од Анима Мунди.

Организацијата бара истражување дали во декември постоела пријава за убиство на мечка во надлежните институции или обвинителството и дали било сторено обид за прикривање на случајот од страна на службеници на МВР и пратеници.

Тие исто така бараат од министерот за внатрешни работи да информира дали Сашо Дранго, кој на фотографијата е во ловечка униформа и со оружје, има забрана за користење оружје и дали тоа оружје му е одземено во претходна постапка, поточно, дали снајперот кој се гледа на сликата е држан спротивно на закон.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесено обвинение против 10 лица за криумчарење луксузни автомобили

Следно

Земјотрес во близина на границата со Македонија, почувствуван во југоисточниот дел

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop