Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

November 22, 2023
1 min read

реклама


Земјите од регионот на Западен Балкан секоја година губат околу 18% од БДП, поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснуваат со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел се должи на разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, повикувајќи се на студија на Светската банка, во своето излагање на панел-дискусијата на тема „Улогата и позицијата на жената во бизнис-светот, предности, предизвици и можности“, во организација на Амбасадата на Словенија во земјава. Таа истакна дека позитивниот ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот не би произлегол само од зголемувањето на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, кои можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот, како што се внимателноста во однос на ризиците, прагматичноста, емпатијата. Со подобрувањата во овој сегмент БДП може да се зголеми и до 10% во развиените економии, а дури и до 30% во земјите во развој“, порача Ангеловска-Бежоска.

Наведувајќи податоци за ефектите од пандемијата и останатите кризи по неа, гувернерката посочи на непропорционалното влијание врз различни економски и општествени сегменти од последователните кризи. Така, на почетокот на 2021 година, влошувањето кај стапката на вработеност кај жените во споредба со периодот пред пандемијата е значително поголемо во земјите во развој, отколку во развиените економии, што дополнително го продлабочило родовиот јаз во глобални рамки. Ист е и случајот со регионот на Западен Балкан, каде што се забележува посилен пад кај стапката на активност кај жените, којашто се сведе на 41,5% во просек за регионот, во споредба со 61,8% кај мажите. Состојбата во 2022 година се подобрува, малку поизразено кај жените во споредба со подобрувањето кај мажите, но кај нас и во Косово стапките на активност на жените сѐ уште се под нивото од пред пандемијата. Во регионот постои и значителен родов јаз во платите, во интервал од 7 до 16%, којшто кај дел од земјите бележи и тренд на проширување.

реклама

Гувернерката наведе дека една од причините за понеповолното влијание на пандемијата врз активноста и доходот кај жените во споредба со мажите е што таа силно го погоди услужниот сектор, особено во сегментите коишто се потпираат на социјалната интеракција, како и неформалната економија, каде што присуството на жените е поголемо. Покрај ова, во одредени студии се укажува дека пандемијата уште повеќе ги зголемила и предизвиците на жената во поглед на работното место, па така една од четири жени размислува да се откаже од кариерните планови или да го напушти работното место. Исто така, пониската вработеност и понискиот доход влијаат неповолно и врз пристапот до финансирање кај жените, а со тоа и врз можностите за развојот на претприемаштвото кај жените. Ова е делумно одраз и на пониската финансиска писменост на жената.

Гувернерката во своето излагање истакна дека „тековните кризи ja нагласуваат потребата од засилен и холистички пристап од страна на носителите на политиките за откривање на сите извори на родова нееднаквост во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми“.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Изборите во Холандија, потенцијал за преобликување на политичкиот пејзаж во земјата

Следно

Бугарскиот Парламент го отфрли предлогот за недоверба на Владата

Latest from Blog

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство, така сме посилни и побогати како држава

Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието станува дел од нашето заедничко наследство кое имаме должност и со задоволство го чуваме и негуваме, рече министерката за образование

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како
Go toTop