Ангелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба

July 24, 2024
1 min read

На системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа. Ако се спојат ЦУК и ДЗС, би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална – летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се заглавени на вода, планина, да вади луѓе од урнатини во случај на земјотрес,…, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Според него, во ЦУК и ДЗС моментно има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни.

-Неопходна е длабока реформа на системот за управување со кризи. Целиот систем е нефункционален. Уште пред изборите разговаравме на оваа тема. Она што можам сега да го видам кај министрите, членови на Управувачкит комиет, постои цврста волја час поскоро системот да биде трансформиран во многу пофункционален кој со истите ресурси што ги имаме сега, ќе може да гасне повеќе пожари, побрзо и поефикасно. Новиот систем во првата фаза ќе биде поевтин од посточекиот, рече Ангелов. 

Моментно во ЦУК и во ДЗС, според него, има превработеност на позиции од кои нема потреба, а онаму каде требаат луѓе, нема.

– Тука ми беа прилично врзани рацете зашто затекнав таква состојба, во делот на вработувањата имав многу мала можност да извршам корекции. Во ЦУК сега има околу 300 вработени, а во ДЗС повеќе од 300, што е преку 600 луѓе. Сметам дека со помалку луѓе би добиле нова, функционална институција и плус специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална. Таквата единица би дала сосема нова димензија зашто детектираните слабости не може поинаку да се отсранат, рече Ангелов на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.

Негова оценка е дека земјава има добри ТППЕ, но тие не се недоволни за ваков обем и динамика на пожари.

-Кај граѓаните постои погрешна перцепција дека ЦУК командува со сите сили на терен, но локален командир за пожарите е командиратот на ТППЕ, а ако пожарот е во шума, тогаш и лице од Национални шуми, објасни Ангелов.

Тој денеска информираше дека се активни седум пожари, но и дека засега ресурсите за гаснење се доволни и не е потребна помош од странство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во авионската несреќа во Непал загинаа 18 луѓе

Следно

Камала кај младите стои полошо и од Бајден

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop