Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

August 18, 2024
6 mins read

Господине Ангелов, на директорската позиција седнавте во ноември 2020 година. Веќе четврта година по ред го менаџирате процесот во земјава за гаснење на пожарите. Каква поука извлековме како држава од досегашните искуства?

Со една реченица, потребна е итна трансформација на целиот систем за управување со кризи вклучително и на системот за гаснење на пожари како составен дел на целиот систем за управување со кризи.

Овој проблем се проблекува години наназад веќе 4 години сте на функцијата. Зошто и досега не се иницираше?

Во водењето на оваа институција имав одврзани раце од претходната влада, немав мешање во мојата работа и јас ги носев одлуките при менаџирањето на кризните состојби имав одврзани раце. Но, не ми беше дадена можноста да направам трансформација или коренити реформи на системот за управување со кризи. На претходниот премиер, односно премиерот пред претходниот, Зоран Заев му презентирав дека системот не е каков што треба да биде. Имав разговарано и со поранешниот претседател Стево Пендаровски на оваа тема. И двајцата беа согласни дека системот за управување со кризи треба да доживее длабоки реформи. Притоа се иницираше седница на советот на безбедност. Проблемот беше издигнат на највисоко ниво, веднаш по пожарите во 2021 година. На таа седница на советот на безбедност, беше донесен заклучок да се препорача на владата да се формира работна група која ќе понуди нов концепт на системот за управување со кризи. Неколку дена подоцна, владата донесе заклучок да се формира работна група која требаше да ја предводам јас, која ќе понуди нов модел.

За жал, една недела подоцна според мои неофицијални информации, министерката за одбрана Радмила Шекеринска влијаела оваа одлука да се преиначи во сосема друга насока каде што не задолжија мене и директорот на ДЗС да излеземе со некаква концепција. Јас сум премногу искусен за да знам дека од тоа нема ништо бидејќи ние двајца никогаш нема да се договориме, ниту смееме да понудиме нова концепција. Таа бара вклучување на поголем број луѓе, од оние кои гасат пожари до универзитетски професори кои треба да го обликуваат во закон и подзаконски акти. Не ни беше дозволено да направиме сериозна реформа на системот за управување со кризи. Во последните три години зборувам дека на системот му е неопходна реформа.

Владата најавува реформа односно спојување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Во која насока според вас треба да се движи реформата?

Јас во многу мои интервјуа последните три години, кажувам дека е потребно да се формира нова институција која што ќе ги обедини функциите на двете постоечки – Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Ние на некои места благо се преклопуваме во нашите надлежности, а одредени простори се празни. Тие треба да ги пополни Дирекцијата за заштита и спасување но, во реалноста тоа не постои. Ние имаме се, само немаме луѓе кои ќе излезат на терен да завршат работа зборувам во делот на кризниот менаџмент. Мојот став е дека составен дел на новата институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки е формирање на специјална единица за заштита и спасување.

НИКС системот е дигитална мапа за статус на пожарите, дали се активни, колку сили се на терен. Владата во јуни 2019 година донесе одлука со која Системот за управување со инциденти (НИКС) е задолжителна алатка за имплементација за сите институции коишто се дел од системот за управување со кризи. Како НАТО проект започна во 2016 година, во неколку наврати информиравте дека имплементацијата е во напредна фаза, меѓутоа дали системот воопшто функционира?

За жал, тој не е НАТО проект, беше поддржан од НАТО, како надворешен проект. Но, овде од старт, јас го затекнав во овој проект во напредна фаза и ќе укажам дека има една голема фалинка. НИКС значи команден систем – следна генерација на команден систем. Ние правиме се, само не командуваме. Ние не смееме да командуваме. ЦУК координира. И тоа е еден од најголемите проблеми – каде е границата помеѓу координацијата и командата? Јас немам моќ да наредам на авионите или на хелихоптерите да отидат некаде. Напротив, ние ги координираме. Ние бараме од нив да отидат таму. Тие можат само да кажат, не можеме или не сакаме. Команда е нешто сосем друго, значи самиот НИКС не е алатка која што во овој момент може да биде употребена, иако некој нејзини својства може да се употребат, но тоа е дуплирање на силите. Ние во овој момент имаме Макфис, извонреден програм, развиен од страна на проектот Џаика, кој е поддржан од јапонската влада и Агенција за меѓународна соработка. Нашиот Макфис има многу подобри перформанси од НИКС-от и ние секојдневно го користиме.

Јас во секој момент ја гледам сувостта на вегетацијата и на мојот мобилен телефон. Можам да забележам каде имаме поголем ризик и опасност од појава на пожари, затоа што вегетацијата е многу сува.

Значи, НИКС-от воопшто не е во функција?

Зборував со човекот кој го имплементираше, го замолував и убедував да го заживее, но тие само откако ќе извршат проекти и од тие проекти има одредени бенефити, додека ги прават и потоа проектите се мртви. Ние имаме и други вакви проекти кои што не заживеаја и во реалноста не можат да заживеат, тоа е она што јас постојано го повторувам. Вие на хартија може се да напишете, ќе седнеме и се ќе напишеме, ќе направиме еден брилјантен закон. Арно, но, во реалноста тоа не може да функционира.

Кога зборуваме за овој проект се набави и опрема? Каде е опремата?

Каде е опремата, еве и јас тоа прашувам тој што ја набави. Поделена е и таа опрема, фаќа прашина. Поделена е секаде онаму каде што требало, по различни станици, по други институции.

Опремата не е во противпожарните бригади.

Се работи за систем кој не може да профункционира, немаме капацитет. И јас сакам да се натпреварувам на Олимпијада, но, не можам. Значи, не ги исполнуваме условите. Ние во Центарот за управување со кризи работиме на чкрги. И овде јас работам со десетина луѓе, сите операции, покривам по една област со по еден човек, не дај Боже, некој да се разболи, имам незаменливи луѓе, а добар дел од луѓето се апсолютно неупотребливи, односно по некој пат ставаме во функција некој вработен – ќе ни направи дополнителна штета и потоа треба двајца да ја поправат таа штета. Оваа институција била користена за вработување на партиски кадри, дел од нив кои што не можеле да ги сместат на друго место.

Има добри кадри кои што се преминати од Македонската армија, но, за жал полека заминуваат во пензија. Има една група од воена Академија која што за нивна несреќа завршила директно во ЦУК, ги најдов малтене во подрум, затоа што беа на најниските почетни позиции. Ги унапредив сите, сите до еден ги ставив во функција. И уште неколку квалитетни луѓе. Ако овде направиме анализа на раководителите, повеќе од 51% имат завршено македонски јазик или Педагошка академија. Но, се плашам дека 70% од раководителите имат македонски јазик и педагошка академија. Кога некој се одлучил да студира македонски јазик или албански јазик или педагошка академија, тој имал голема желба да биде јазичар. И во меѓувреме сфатил дека тој сака да работи кризен менаџмент и наеднаш станува експерт за кризен менеџмент. Па тогаш, зашто постои Воена академија?

Чувствувате ли лично срам кога излезете на терен во однос на опремата која што ја имаат странците кои што доаѓаат на помош во споредба со тоа што ние го имаме како опрема и ресурси за гасење на пожари?

Хеликоптерот од Словенија има слични карактеристики како нашите хеликоптери. Нема некои големи разлики. Хеликоптерите кои доаѓаат освен тоа што имавме помоќни и помоќни хеликоптери освен американските Блек Хок, еден од нив или два од нив беа на помош во државата. Нашите хилихоптери не се за подценување. Проблемот е што не се ставени во… Не се добро одржувани сите овие години. Хилихоптерите на армијата, Ми-8, Ми-17, а имаме еден полицијски Ми-171, се изворедни силни машини кои што може и тоа како да бидат корисни.

Не само за нив, тука говориме и за противпожарните возила кои што ги имаат бригадите, кои се стари по 30 до 40 години.

Има и понови, но, видете. Одговорот на вашето прашање би го однел во друга насока. Дали вие се срамете кога на нашата улица ќе гледате стари возила увезени од Западна Европа? Ова е Балкан, ова е Македонија. Возилата на улица кои што секојдневно се движат и кои што изгледат многу убаво, најголем дел од нив се собрани од буништето во Германија и во другите западноевропски земји, но овде имаат одлична функција.

Меѓутоа, ние имаме проблем секоја година со гасењето на пожарите, а од друга страна, ниту општините, ниту државата, реално никој не се залага за да се обнови тој возен парк во противпожарните бригади. Или ке видиме донација од некоја странска земја. Ретко која општина вложува, бидеќи и самите велат дека, нема доволно пари за да купат противпожарни возила.

Тоа беше целта на Советот за безбедност. Требаше да се формира работна група која што ке работеше на две нивоа. Првото е организациско, второто е набавка на нови ресурси и мислам дека од овде почнаа проблемите. Кој ќе ги набави ресурсите? Нам итно ни требат воздухоплови за гасање на пожари. Ние немаме откаде да бараме помош. Остануваме без странска помош. Во Грција беснеат страшни пожари, во Турција беснеат пожари, Албанија, Србија. На секаде имаме тешки пожари. Ние немаме откаде да побараме помош. ЕУ механизмот е активен, го активиравме пред 15-тина дена, но никој не нуди помош, бидејќи сите ги чуват ресурсите за сопствените земји или помагаат онаму каде што е најкритично, како што беше во Грција, каде што пожарот влезе во предградието на Атина.

Ние не дозволивме пожар да изгори живо село. Мораме итно да набавиме опрема бидејќи сумата која што е изгорена од финансиски аспект, на изгорената дрвна маса, со таа сума може да се купат

Сумата која што е изгорена, зборуваме од финансиски аспект, на изгорената дрвна маса која што загубивме ова лето, верувам дека со таа сума може да се купат многу хилихоптери. За нас како држава е поевтино да купиме нови хилихоптери или евентуарно ер-трактори како поефтина варијанта и тоа ќе не чини поефтино отколку изгорената дрвна маса. Ако на тоа додадеме огромната еколошка штета, вознемиреността кај граѓаните, ресурсите кои што ги трошиме, затоа што ова чини пари, секојдневното гаснење на пожарите чини многу пари. Ја чини државата пари. Се троши гориво, се трошат луѓето.

И многу е поефтино да се набави современа опрема. И јас сум оптимист дека оваа влада, новоформираната влада, која што се уште 40 дена на власт, дека ќе се погрежи да ја промени односно подобри ваквата состојба.

Повеќе во интервјуто.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЛДП: Дали Гаши носел патен налог и документација за да може да оди по невеста на Косово со службено возило

Следно

Речиси 500 мигранти го преминаа Ла Манш за еден ден

Latest from Blog

Младите во борба против корупцијата – Ристеска: За корупцијата се зборува многу, но има малку резултати

Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаат и да станат отпорни на секојдневната корупција. Ова го истакна Вирџинија Елиот претставник на амбасадата на САД, која

Градоначалникот на Бутел Костовски: Буџетот на општината за 2025 година ќе го направиме заедно со жителите и за нивните потреби

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со неговиот тим, направија важен чекор кон активно вклучување на граѓаните во креирањето на буџетот на општината за 2025 година. Организирани екипи на општината од

ПОМИНАА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, А УШТЕ НЕ СЕ КОРИСТИ, РЕЧЕ ПРОФЕСОРКАТА ИСКРА ПАНОВСКА-ДИМКОВА

Законот за македонски јазик не се применува иако беше изгласан уште пред 10 месеци во Собранието, а не е формиран ниту Инспекторат кој треба да врши надзор за примената за законот, рече

Парламентарните групи за соработка како мост за приближување со Чешка

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешка. На средбата присуствуваше и чешкиот
Go toTop