Ане Петрушевски победи на Европскиот Куп во Словенија

June 9, 2025
1 min read

Нашиот најдобар кајакар, Ане Петрушевски победи на Европскиот куп во Словенија кој се одржа во местото Солкан.

Во рамките на првото коло од Европскиот куп каде во финалето Петрушевски заврши на одличното 5-то место, додека денеска во второто коло покажа одлични перфоманси и беше најбрз со време 78.38 секунди, зад себе оставајќи ги најдобрите кајакари од Европа од  21 земја.

Оваа трка беше подготвителна за Европското првенство кое ке се одржи на оваа иста патека во период од 28 јули до 3 август, а каде што ќе настапи и нашиот најдобар кајакар во моментов.

Тој подготовките ги продолжува во Италија, каде наредниот викенд ќе настапи на Европскиот куп во Валстања во 3. и 4. коло.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Во критична состојба лицето кое беше спасено на Ливадичко езеро, од скршениците имало обилно крварење

Следно

Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата

Latest from Blog

Go toTop