Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

September 14, 2025
1 min read

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК Никос Андрулакис за време на прес-конференцијата на Меѓународниот саем во Солун.

Андрулакис го повтори она што го порача синоќа за време на говорот на саемот дека на земјата ѝ е потребна политичка промена, истакнувајќи дека оваа промена повинува преку ПАСОК затоа што „партијата има конкретна програма, за јавното образование, за јавното здравство“, но и нагласи дека е време „Нова демократија да биде поразена и да замине во опозиција“.

– Победа на ПАСОК на изборите значи политичка промена. Победа на ПАСОК, дури и еден глас повеќе да имаме од Нова демократија, значи дека ќе можеме да направиме нешто поинаку. Победа на ПАСОК значи победа за вас. Не можеме да продолжиме по истиот пат. Размислете што ќе значи за земјата еден трет четиригодишен мандат на Мицотакис со нивната досегашна политика. Да дејствуваме пред да биде доцна. Нема време за губење, следните избори се критични за земјата. Ова го велам за оние кои се разочарани и одбираат да не гласаат. Верувајте му нашиот план, порача Андрулакис.

Објасни дека потребна е промена на начинот на кој функционира државата, да се зајакнат институциите, бидејќи „јадрото на промените започнува од самата држава“.

Нагласи дека програмата на ПАСОК е подготвена од членовите на партијата, а тој лично, како што истакна „нема спонзори и не претставува ничии интереси“.

За мигрантското прашање објасни дека грчкиот народ има две искуства, едно од претходната Влада на СИРИЗА, другото од сегашната.

Едното, рече дека е по логиката „кој сака да дојде, нека дојде“, другата е на актуелниот министер за миграција и азил кој воведе строги мерки.

– Ние не треба да избереме меѓу „морето нема граници“ или Плеврис. Има и трета опција. Легални мигранти и легална миграција да може да има интеграција на овие луѓе. Грчкиот народ сака нормална миграција, ниту она што се случи во 2015, ниту сега. Ние велиме златна средина, да се реши проблемот со севкупна мигрантска политика. За ова потребна е инвестиција во билатерални договори, посочи Андрулакис.

Во надворешната политика нагласи дека Грција треба да биде протагонист и на Балканот и на Блискиот Исток, додека пак за грчко-израелските односи рече дека „стратешкиот однос со Израел не значи и соучество“, објаснувајќи дека израелскиот премиер Нетанјаху треба да одговара пред Меѓународниот суд во Хаг и рече дека со формирање Палестинска држава ќе се ограничи национализмот.

Одговарајќи на новинарско прашање за ЕУ перспективата на Западен Балкан и на Албанија, како што објави МИА Андрулакис посочи дека на Европа ѝ е потребно проширувањето, особено во моменталната геополитичка средина но земјите кандидатки треба да ги исполнат поставените услови.

Прес-конференцијата на лидерот на ПАСОК траеше нешто помалку од три часа, а Андрулакис одговори на околу 40 прашања поврзани со актуелни теми. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Следно

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Latest from Blog

Битола повторно на фудбалската мапа: женската селекција ќе игра квалификации за СП

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Женската селекција квалификациите

Свечена спортска вечер во Пробиштип: избор на спортист на годината

Општина Пробиштип на 6 февруари 2026 година ќе ја одржи традиционалната спортска манифестација „Избираме спортист на годината“, на која ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти, спортски работници и спортски клубови од

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на
Go toTop