Андоновски: За една ипол година е дуплиран бројот на корисници на националниот портал uslugi.gov.mk

November 29, 2025
1 min read

На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Битола, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот Тони Коњаноски, присуствуваа на настанот во рамки на караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните.

„Денеска порталот има близу 240.000 корисници, што покажува голем интерес на граѓаните за електронските услуги. Сè повеќе ги користат истите, бидејќи им нудат можност побрзо да стигнат до посакуваната услуга и побрзо да си ја завршат својата работа“, истакна Андоновски.

Министерот го спомена и позитивниот пример со ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој рече дека услугата целосно се добива онлајн.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика и да ја информирам јавноста дека 39.000 студенти на додипломски студии веќе аплицирале и го добиле својот ваучер, а 20.800 веќе ги искористиле и си набавиле електронски уред“, изјави Андоновски, додавајќи дека Битола е секогаш во фокусот на министерството.

Тој се осврна и на Центарот за услуги во Битола, за кој рече дека бележи одлични резултати и висока посетеност на граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњаноски го поздрави присуството на министерот Андоновски, за кој рече дека е еден од најактивните и дека придонесува дигиталните услуги да се доближат до граѓаните во ова време на дигитална ера. Тој најави и идна соработка на Општина Битола со Министерството за дигитална трансформација со цел дигитализација на општинските услуги.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул

Следно

Андоновски: Битола е во фокусот на новата дигитална трансформација

Latest from Blog

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28

„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција

Уапсен гевгеличанец, возел со брзина од 204 километри на час

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава. Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско,

Влатко и Златко Миладиноски носат македонски музички спектакл во Битола

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше претесен да ги собере сите љубители на македонската народна музика, кои во голем број присуствуваа на концертот на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот. Повеќе

ВЛЕН: Почнува реализацијата на инвестицијата од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово

Започнаа официјалните подготовки за реализација на инвестицијата вредна 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово, соопшти коалицијата ВЛЕН, оценувајќи го проектот како најголем и најзначаен во историјата на оваа здравствена установа.

Додека светот обезбедува критични минерали, Македонија сè уште ги чува под земја

Светските економии забрзано вложуваат во обезбедување сигурни извори на критични минерали, предупредува Меѓународната агенција за енергетика во извештајот „Глобални перспективи за критични минерали 2026“. Според анализата, геополитичките тензии и трговските ограничувања дополнително
Go toTop