Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

February 18, 2026
1 min read

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше свое обраќање на меѓународната конференција „AI for Society & Smart Governance“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што истакна дека вештачката интелигенција, освен што е технолошка тема, претставува и прашање на политики, институционален капацитет и одговорност кон граѓаните.

„Во обраќањето нагласив дека клучното прашање не е дали ќе ја користиме, туку како ќе ја користиме. За да има реална примена во јавниот сектор, потребни се јасна рамка, квалитетни податоци и инфраструктура со конкретна имплементација, не само стратегии на хартија“, изјави министерот Андоновски.

Тој посочи дека Министерството за дигитална трансформација работи на конкретни чекори за системско воведување на AI во јавниот сектор и креирање основа за одговорна и применлива дигитална трансформација.

„Ги потенцирав и конкретните чекори што ги преземаме, а тоа е Националната ИКТ стратегија 2025–2030, подготовката на Националната стратегија за вештачка интелигенција во координација со академијата и институциите, интеграцијата на AI асистент на data.gov.mk, како и иницијативата за Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“ за развој на домашни GPU капацитети и модели на македонски јазик“, истакна Андоновски.

Тој на одговор на новинарско прашање во насока на Правилникот на АВМУ за инфлуенсери истакна дека ги разбира нивните барања и истакна дека можни се промени по барање на Здружението на инфлуенсери.

„Постои правилник донесен врз основа на измените на законот од 2023 година, кој стапи на сила пред некој месец со којшто се бара задолжителна регистрација на инфлуенсерите. Ги слушнав и коментарите на новото Здружение на инфлуенсери, и мислам дека вреди да се дискутира за овие прашања. Да најавам дека можни се и промени, затоа што не сметаме дека треба ригидно да бараме од креаторите на содржини да се однесуваат исто како и платформите за споделување на тие содржини, односно да бараме толку високи критериуми, од страна на физички лица којшто повремено или постојано се занимаваат со оваа работа’’, појасни Андоновски.

„Јас ги споредувам со колумнисти. Ако не бараме високи критериуми за регистрација и еден ригиден пристап кон креаторите на содржина во традиционалните медиуми, не гледам зошто би требало да имале и толку ригиден пристап кон оваа група на луѓе’’.

Министерот Андовски истакна и дека неформалниот водич кој беше донесен создал дополнителни недоразбирања.

„Беше донесен и еден неформален документ наречен водич, кој донесе дополнителна забуна затоа што станува збор за неформален документ којшто нема правна важност, а се сфати или се презентираше дека е задолжителен за употреба за оваа група на креатори на јавното мислење. Тоа создаде дополнително недоразбирање помеѓу едната и другата страна.”

Најави средба со Здружението на инфлуенсери за следната недела, на која ќе се дискутираат сите отворени прашања.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе за скандалот во Лисабон: Бројот 25 од Бенфика пет пати му кажа на Вини дека е мајмун!

Следно

Можни се законски промени, Андоновски следната недела на средба со инфлуенсерите

Latest from Blog

Меѓународен ден на бургерот: чизбургерите остануваат фаворит, smash бургерите се новиот хит

Податоците на Wolt покажуваат дека нарачките на бургери го достигнуваат својот пик по работното време, додека чизбургерите и понатаму се најсигурниот избор, smash бургерите стануваат симбол на новата урбана бургер култура, која

Љатифи: Нови инвестиции и регионално поврзување преку стратешката соработка со Хрватска

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Хрватска, директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, учествуваше на сесијата за економски дијалог и вмрежување меѓу

Крстиќ: Современи здравствени услуги поблиску до граѓаните на Битола

Заменик градоначалничката на Општина Битола, Марина Крстиќ, заедно со заменик министерот за здравство Јовица Андоновски, присуствуваше на пуштањето во употреба на нова здравствена услуга во Хоспис „Сју Рајдер“ – Битола. Станува збор

САД повторно нападнаа цели во Иран

Американската војска започна нови напади врз Иран, насочени кон локации за кои американските претставници веруваат дека претставуваат закана за американските сили и комерцијалниот бродоградба во Ормутскиот теснец, потврди за Ројтерс неименуван американски
Go toTop