Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија

March 9, 2025
1 min read

Најдоцна до јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија, која што се базира на четири клучни столба. Првиот е поврзливост или инфраструктура, вториот се услугите или дигитална трансформација и на бизнис секторот и на јавните услуги, третиот се новите технологии и вештачката интелегенција и четвртиот е дигиталните вештини за граѓаните и за вработените во јавниот сектор, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

-Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги користат за да ја поткренеме свесноста дека постојат вакви електронски услуги и секако паралелно со тоа да одиме со оние институции коишто се најподготвени за брза дигитализација на нивните услуги, рече Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

Министерот посочи на соработката со Агенцијата за катастар. Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.

– Што значи практично дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги, рече министерот.

Со измените на Законот за електронски документи од 1 јануари секој документ којшто ќе се испечати од порталот односно електронски документ ќе може да се користи како традиционален документ, со синиот печат.

– Што значи дека овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат, рече Андоновски.

Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите.

-Медиуми што имаат импресум, објавен уредник, најмалку тројца вработени и се регистрираат во регистарот којшто ќе го води АВМУ ќе можат да ги уживаат сите права и дома и меѓународно како препознаен медиум. Ова е барање и од ЕУ и наша желба да поставиме определена граница за тоа кој ги информира граѓаните, на кого може да му се верува, а не се оние коишто тоа го прават аматерски или, пак, тоа го прават со злонамера, сакаат да ги злоупотребат граѓаните и да пласираат дезинформации, рече Андоновски.

Министерот посочи и дека сите оние кои што сакаат да продолжат да работат без тројца вработени или не сакаат да се регистрираат во АВМУ, можат да продолжат да работат, нема да имаат никаква пречка за тоа.

– Но, медиумите кои сакаат да се препознаат и да кажат во странство, особено да членуваат во здруженија и.т.н и сакаат да кажат дека се препознаени како онлајн медиуми, треба да им ја дадеме таа можност, рече Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Целосно затворен патот Ресен-Битола поради тешка сообраќајна несреќа

Следно

Палестинците го држат рамазанскиот пост под тешки услови во опустошената Газа

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop