Андоновска: Вработени од Зоо градината ќе бидат ставени под здравствен надзор, еден ќе биде тестиран за птичји грип

October 20, 2024
1 min read

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица во текот на утрешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птији грип.  За 16-тиот од листата, кој се уште не е исконтактиран, ќе се направат напори да биде исконтактиран во текот на денешниов ден, информира директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.

-Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира  карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Тие секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози од ИЈЗ и ќе се следи нивната здравствена состојба, изјави денеска Андоновска пред Институтот за јавно здравје.

Епидемиозлозите, како што рече, ја информирале дека еден од четирите лица за кои е завршена епидемиолошката анкета, на 18 октомври имал симтоми со температура и дијареја кои траеле еден ден што, како што рече, не значи дека укажува дека тоа лице има птичји грип.

-Тоа лице ќе биде тестирано во текот на утрешниот ден, бидејќи препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите се дека по појавата на првите симптоми во рок од пет дена треба да има тестирање, појасни Андоновска.

Нагласи дека нема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина доколку немале директен контакт со заболените птици од птичји грип.

-За да се пренесе птичји грип треба да има близок контакт со заболено или мртво животно или да има близок контакт со некој од секретите, измет или слично од овие заболени или мртви животни. Тоа значи дека ризикот е мал доколку посетителите немале близок контакт, потенцира Андоновска.

Смета дека надлежните институции во текот на вчерашниот ден имале брза и навремена реакција согласно законските прописи и протоколи. Вели дека Лабораторијата на ИЈЗ е референтна и меѓународно акредитирана лабораторија за дијагностика на инфлуенца или грип од хумано и анимално потекло и дека во моментов има тестови за птичји грип, но додава дека не знае колкава ќе биде потребата и дали ќе треба да се набавуваат нови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица вработени од Зоо Скопје од утре под здравствен надзор, еден од нив ќе биде тестиран за птичји грип

Следно

Четворица вработени во скопската Зоолошка градина под здравствен надзор – Андоновска: Нема опасност за посетителите!

Latest from Blog

Градоначалникот Тоневски: Мир, здравје и благосостојба во новата година (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати искрени честитки до сограѓаните по повод Новата година и Божикните празници. Во своето обраќање, тој посака добро здравје, мир, љубов и благосостојба во домовите на

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024

Традиционалните, но и модерните имиња продолжуваат да бидат избор на родителите, кои сè почесто се одлучуваат за кратки и звучни имиња со силно значење. Државниот завод за статистика (ДЗС) во својата публикација  „Северна

Совршен десерт за студени денови: Зимски „Crumble“ од јаболка и овесни снегулки

Овој зимски „crumble“ е совршен десерт за студени денови – топол, ароматичен и хранлив. Комбинацијата од сочни јаболка, цимет и крцкав овесен посип создава баланс помеѓу удобност и здравје, а се подготвува

Новогодишна честитка од Македонски весник „Илинден“ за 2026 година

Редакцијата на Македонски весник „Илинден“ упати искрени честитки по повод Нова 2026 година до своите верни читатели и до сите граѓани ширум светот. Почитувани читатели,Благодариме за вашата поддршка, доверба и интерес што
Go toTop