Андоновска: Работиме за да ја вратиме довербата на граѓаните во Институтот за јавно здравје

February 12, 2025
1 min read

„Досега Институтот од она што јас можам да го видам во овие 5 месеци е дека Институтот, не ја имал таа негова примарна цел и едноставно луѓето кои што биле менаџери во самиот Институт, во своите приоритети не ја имаа поставено превенцијата за јавното здравје, а една од основните работи на самиот Институт е превенцијата“, истакна директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, во вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.

Андоновска дополни дека работите со кои што се соочила во овие неколку месеци, за неа се сосема зачудувачки.

„Работите кои што ги гледам, кои што се правеле таму, се едноставно, дури да не ти се верува дека се случувале. Јас велам леле колку нестварно е сето ова што се случувало, но наша обврска е, да тоа било така, но наша обврска е тоа истото да го поправиме во моментот и работиме на тоа, се со цел, како што споменавте, да ги вратиме институциите на граѓаните и тие да бидат во служба на граѓаните“, напомена Андоновска.

Директорката на Институтот за јавно здравје, се осврна и на обвинувањата упатени кон неа на етничка основа, при што посочи дека обвинувањата се само за да се прикрие нивното неспособно работење во Институтот за јавно здравје неколку години наназад.

„Кадар на ДУИ ја има водено институцијата наназад сите овие години пред да дојдам јас во институцијата. Веројатно сакајќи да ги прикријат сите оние недостатоци кои што се појавуваат, а кои што другите институции на системот ги наоѓаат, можеби сакаат да го свртат вниманието’’, потенцираше Андоновска и продолжи:

„На етничка основа, поделба во ИЈЗ нема да има. Ниту ќе има поделба на било која основа. Единствено што се бара е онака како што налагаат политиките на Владата, на премиерот, а тоа е чесно, домаќинско и транспарентно работење“, појасни Андоновска.

Андоновска дополни дека ‘како до сега’ веќе нема да има и дека граѓаните ја дадоа поддршката кон нив за да ги оправдаат целите.

„ДУИ мора да разбере дека ‘како до сега’ нема да има, туку мора да има подобро, затоа ние сме избрани, во тој правец треба да движиме за да ја вратиме довербата на граѓаните“, заклучи Андоновска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР на Бугарија со реакција: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Следно

Белата куќа: Трамп смета дека преселувањето на Палестинците во „побезбедни области“ би било „повеличествено“

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop