Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека напаѓачот Винисиус Жуниор нема намера да го напушти мадридскиот клуб.
Винисиус за време на натпреварот од 35. коло на Ла Лига имаше конфликт со навивачите на Валенсија. Играчот неколку пати беше цел на расистичките навреди упатени од трибините.
– Винисиус не размислува за заминување. Го сака Реал Мадрид. Тој сака да успее тука, Вини знае дека овој клуб е неговата иднина. Сака да игра во Реал Мадрид и сака да остане, го цитира новинарот Фабрицио Романо Анчелоти на социјалните мрежи.
Дваесет и двегодишниот Бразилец оваа сезона забележа 54 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 23 гола и 21 асистенција.
ИЗВОР: kurir.mk