Анчелоти: Не се грижам за ждрепката, треба да победиме без разлика кој да ни се падне

March 16, 2023
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде свое видување за натпреварот со Ливерпул (1:0) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Имавме добар натпревар без големи падови и со сериозни, јасни идеи. Се заврши добро. Не се грижам за ждрепката. Треба само да победиме, без разлика кој ќе ни се падне. Тоа е се! Крос и Модриќ одиграа одлично денеска. Поседот беше грижа за тимот, но тие вложија големи напори да ги задржат конците на играта под контрола. Имаме многу модерен тим – кул, искусен, посветен на својата работа. Целосна концентрација. Лигата на шампионите е многу каприциозен турнир. Сè уште не е лесно да се победи. Екипите кои многумина не ги гледаа во оваа фаза стигнаа до четвртфиналето. Пред сè, ова се однесува на клубовите од Серија А. Но, ние мора да се фокусираме на нашата игра и победи, изјави Анчелоти.

Во првиот меч мадриѓаните победија со 5:2, па зсо вкупни 6:2 стигна до четвртфиналето. Ждрепката ќе се одржи на 17 март.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Украден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк

Следно

Ердоган во Анкара разговараше со казахстанскиот колега Токаев

Latest from Blog

Божиновска: Нова ера на енергетска ефикасност за пониски сметки и почист воздух – Собранието го усвои Законот за енергетска ефикасност

Собранието на Република Македонија на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Со оваа одлука, земјата добива уште една силна законска рамка,

Ретки лековити соединенија откриени во марихуаната

Истражувачки тим од Универзитетот Стеленбош во Јужна Африка неодамна откри ретка група фенолни соединенија наречени флавоалкалоиди во листовите од канабис. Овие соединенија претходно беа непознати како составен дел на марихуаната и се

Во Франција за утре најавени 250 протести, се очекува да учествуваат над 800.000 луѓе

Во Франција се најавени 250 собири низ целата земја по повод Денот на социјалната мобилизација утре, 18 септември, а проценките укажуваат на можноста бројот на демонстранти да достигне 800.000. Се очекува масовен

Дневен хороскоп за среда – 17 септември: Подобрување на финансиската ситуација за три хороскопски знаци

Овен Погледнете ги работите низ очите на другите – нивните ставови моментално имаат поголемо влијание од вашите. Поврзете се со околината и не се двоумете премногу. Љубовта изгледа далеку, но животните предизвици
Go toTop