Анчелоти: Мора да играме максимално внимателно со Ливерпул, веќе имавме ситуација со Челзи пред една година

March 12, 2023
1 min read

– Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го повика своите фудбалери да не се опушта пред мечот со Ливерпул.

Мадриѓаните во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите победија на гости со резултат 5:2.

– Веќе имавме ситуација со Челзи минатата година кога по 3:1 на гости, дома губевме со 0:3 до 80. минута. Имаме предност, затоа сме фаворити, но треба да одиграме 90 минути со ист став како на првиот натпревар. Немаме право да размислуваме за штедење некаде, треба да одвоиме 90 минути максимум. На сите три турнири на кои продолжуваме да играме, тешко е да се оди до крај. Ние сме во неповолна положба во Копа дел Реј и Ла Лига и имаме мала предност во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека ќе биде лесно. Лигата на шампионите е најтешкиот турнир во светот, изјави Анчелоти.

Реваншот со Ливерпул е закажан за 15 март.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА – еве ги деталите!

Следно

Лапорта со порака до навивачите: Многумина ќе сносат последици, ќе мораат да се искупат за своите лаги!

Latest from Blog

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,

Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂,
Go toTop