Анализа: Три клучни причини зошто земјотресот во Турција беше еден од најсмртоносните

February 7, 2023
5 mins read

Понеделничкиот земјотрес беше и еден од најсилните што Турција ги доживеала во изминатиот век – земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на земјата во 1939 година, што резултираше со повеќе од 30 000 смртни случаи

Бројот на жртвите по разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија продолжува да расте, а според последните податоци загинале повеќе од 7 000 луѓе, а десетици илјади се повредени.

Илјадници згради се урнаа во двете земји, а хуманитарните организации предупредуваат на „катастрофални“ последици во северозападна Сирија, каде што милиони ранливи и раселени луѓе веќе се потпираат на хуманитарна помош.

Во тек се големи спасувачки операции и глобалната заедница нуди помош во операциите за пребарување и спасување. Во меѓувреме, агенциите предупредија дека бројот на загинати во катастрофата може значително да се зголеми. Си-ен-ен анализираше зошто земјотресот бил толку смртоносен.

Каде се случи земјотресот?

Еден од најсилните земјотреси што го погоди регионот во изминатиот век ги крена жителите од сон во раните утрински часови во понеделникот. Земјотресот се случил на 23 километри источно од Нурдаги, во турската провинција Газиантеп, на длабочина од 24,1 километар, соопшти Геолошкиот институт на САД (УСГС).

Серија последователни потреси одекнаа низ регионот во текот на следните неколку часа. Афтершок од 6,7 степени следеше 11 минути по првиот земјотрес, но оној со јачина од 7,5 степени се случи околу девет часа потоа, соопшти УСГС.

Спасувачките екипи извлекуваат жртви и повредени од урната зграда во Дијарбекир, југоисточна Турција/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Овој последователен потрес со јачина од 7,5 степени беше најсилниот од повеќе од 100 потреси што се регистрирани досега. Спасувачите сега се тркаат со времето за да ги извлечат преживеаните од под урнатините од двете страни на границата. Повеќе од 5 700 згради во Турција се урнати, според агенцијата за катастрофи на земјата.

Понеделничкиот земјотрес беше и еден од најсилните што Турција ги доживеала во изминатиот век – земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на земјата во 1939 година, што резултираше со повеќе од 30 000 смртни случаи, според УСГС.

Зошто се случуваат земјотреси?

Земјотреси се случуваат на сите континенти во светот – од највисоките врвови на Хималајските планини до најниските долини, како што е Мртвото Море, до екстремно студените региони на Антарктикот. Сепак, распределбата на овие земјотреси не е случајна.

УСГС го опишува земјотресот како „тресење на земјата предизвикано од ненадејно лизгање на расед. Напрегањата во надворешниот слој на земјата ги туркаат страните на раседот една кон друга; карпите одеднаш почнуваат да се лизгаат, ослободувајќи енергија во бранови кои патуваат низ земјината кора и предизвикуваат потреси што ги чувствуваме за време на земјотресите“.

Колку е силен земјотресот со јачина од 7,8 степени?

Интензитетот на тресење може да варира во зависност од локалната географија и топографија и длабочината на земјотресот. На скала со магнитуда, секое зголемување од цел број значи 32 пати повеќе енергија.

Во оваа прилика, тресењето на земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во јужна Турција можеше да се почувствува дури до Израел и Либан, оддалечени стотици километри. Турција и претходно била погодена од силни земјотреси, во последните 25 години ја погодиле дури седум земјотреси со јачина од 7 степени или посилни. Оној во понеделникот беше еден од најсилните.

Тоа е, исто така, најсилниот земјотрес што се случил каде било во светот откако земјотрес со јачина од 8,1 го погоди регионот во близина на Јужните Сендвички острови во јужниот дел на Атлантскиот Океан во 2021 година, иако оддалечената локација на инцидентот предизвика мала штета.

Карл Ланг, асистент професор на технолошкиот Факултет за земјините и атмосферските науки во Џорџија, изјави за Си-ен-ен дека областа погодена од земјотресот во понеделникот е подложна на сеизмичка активност.

„Тоа е многу голема зона на расед, но ова е поголем земјотрес отколку што некогаш доживеале“,

изјави Ланг додавајќи дека ако се работи за плиток земјотрес, односно ако се случил многу блиску до површината, тоа може да биде многу опасно.

Урната зграда во Дијарбакир/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Зошто има толку земјотреси во Турција?

Метеорологот на Си-ен-ен и експерт за екстремни временски услови Чад Мајерс, изјави дека секогаш се работи за епицентарот на земјотресот, но во овој случај треба да се работи за епилинијата.

Две масивни тектонски плочи – арапска и евроазиска – се допираат под југоисточните турски провинции. По должината на оваа раседна линија, „приближно 160 километри од едната до другата страна, земјата се лизнала“, продолжи Мајерс.

Сеизмолозите овој настан го нарекуваат „лизгање“ – „плочите се допираат и одеднаш се лизгаат настрана“, објасни Мајерс.

Ова не е како Огнениот прстен што се протега по западниот брег на САД. Во оваа зона, земјотресите и цунамито често се предизвикани од субдукција – каде една плоча се лизга под друга. Меѓутоа, во случај на таканаречено „лизгање“, плочите се движат хоризонтално, а не вертикално.

Поради природата на овој сеизмички настан, последователните потреси би можеле да траат „недели и месеци“, смета метеорологот на Си-ен-ен, Карен Магинис.

Споредба на турскиот земјотрес со други

Во споредба со другите големи земјотреси ширум светот, земјотресот и цунамито во Јапонија во 2011 година – во кои загинаа или исчезнаа повеќе од 22 000 луѓе – беше со јачина од 9,1 степени и предизвикаа огромни разурнувања. Потоа огромни водени ѕидови зафатија цели градови, ги повлекоа куќите на автопатите и ја предизвикаа најголемата нуклеарна катастрофа во земјата досега.

Една година претходно, во 2010 година, во земјотрес со јачина од 7 степени на Хаити загинаа меѓу 220 000 и 300 000 луѓе, според проценките. Околу 300 000 луѓе беа повредени, а милиони беа раселени.

Во 2004 година, земјотрес со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Суматра, Индонезија, предизвикувајќи цунами во кое 227 898 луѓе загинаа или некои се водат како исчезнати.

Најсилниот регистриран земјотрес бил со јачина од 9,5 степени во Чиле во 1960 година, според УСГС.

Турските спасувачи извлекуваат жртви од под урнатини во Дијабакир/Фото: EPA-EFE/REFIK TEKIN

Зошто турскиот земјотрес беше толку смртоносен?

Во својата анализа, Си-ен-ен наведува три клучни елементи кои го направија земјотресот во Турција толку смртоносен: времето на земјотресот, временските услови и градежната инфраструктура.

Голем број фактори придонесоа овој земјотрес да биде толку смртоносен. Еден од нив е времето од денот кога се случило. Бидејќи тоа се случи рано наутро, многу луѓе беа во креветите и останаа заробени во урнатините по земјотресот.

Дополнително, со ладно и влажно време кое се движи низ регионот, лошите услови го отежнаа спасувањето од двете страни на границата. Температурите се веќе доста ниски, но до среда се очекува да се спуштат за неколку степени под нулата, на места и до -6 Целзиусови степени. Областа на низок притисок во моментов лебди над Турција и Сирија. Ова ќе донесе значително постуден воздух од централна Турција, оценува Бритли Риц, виш метеоролог на Си-ен-ен.

Поради страв од последователни потреси, властите во Турција побараа од своите граѓани да се евакуираат од зградите. Со толку голема штета во двете земји, многумина почнуваат да поставуваат прашања за улогата што локалната градежна инфраструктура може да ја одигра во трагедијата.

Градежниот инженер на УСГС Кишор Џајсвал , во вторникот за Си-ен-ен изјави дека Турција во минатото доживеала прилично силни земјотреси, вклучително и земјотресот во 1999 година што ја погоди југозападна Турција и уби повеќе од 14 000 луѓе.

Џајсвал рече дека многу делови на Турција се означени како зони со многу висока сеизмичка опасност и како такви, градежните кодови во регионот значат дека градежните проекти треба да издржат вакви типови настани и во повеќето случаи да избегнат катастрофални колапси – ако се направат правилно.

Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Многу згради не можеа да го издржат ударот

Но, не сите згради се изградени според современите турски сеизмички стандарди, рече Џаисвал. Недостатоците во дизајнот и конструкцијата, особено кај постарите згради, значат дека многу згради не можеа да ја издржат силата на ударот.

„Ако не ги дизајнирате овие структури за сеизмичкиот интензитет со кој би можеле да се соочат за време на нивниот проектен век, овие структури можеби нема да ги оправдаат очекувањата“,

додаде Џаисвал.

Тој, исто така, предупреди дека многу згради кои не се урнати ќе бидат „значително ослабени од двата силни земјотреси на кои веќе бевме сведоци“. Тој вели дека се уште има мали шанси за последователен потрес доволно силен да ги урне оштетените згради. Затоа, посебно внимание треба да се посвети на ваквите структури, особено во спасувачките операции, додава Џаисвал.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анализа: Три клучни причини зошто ова беше еден од најсмртоносните земјотреси

Следно

Промоција на спортската хроника „Гимнастиката во Битола“

Latest from Blog

ПОСТАВКА СО РЕТКО ИЗЛОЖУВАНИ ДЕЛА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА МСУ ЗАЕДНО СО ДЕЛА ОД СОВРЕМЕНИ УМЕТНИЦИ СЕ ОТВОРА НА 28 НОЕМВРИ

Изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ ќе се отвори на 28 ноември во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Куратори на поставката се Ивана Васева, Благоја

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ: Тоалетни води „Викторија сикрет“, чанти „Луј Витон“, цигари, мигранти… цариниците со полни раце работа (ФОТО)

Царински службеници на влез на граничен премин Табановце и на граничен премин Богородица во три случаи спречија обид за криумчарење на 442 парчиња облека. Во првиот случај при контрола на автомобил управуван

НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета

Амбасадорите на Украина и 32-те членки на НАТО денеска во Брисел ќе имаат состанок по руското истрелување минатата недела на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел. Русија во четвртокот изврши напад врз
Go toTop